14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото)
- Детали
- понеделник, 11 март 2024
Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира со сопругот, Џесика Алба и нејзиниот сакан зрачат со љубовна енергија, прегрнати и фатени за рака на Vanity Fair забавата по Оскарите - како изгледаа некои од најубавите парови на Оскари 2024 и забавата по доделувањето?
Како и секоја година, освен филмските достигнувања и доделувањето награди на Оскарите, внимание секогаш привлекуваат ѕвездите кои се појавуваат на црвениот тепих.
Голем дел од нив се појавија со своите партнери и заблескаа на црвениот тепих на Оскарите, но и на Vanity Fair забавата по доделувањето на наградите.
Марго Роби избега од Барби стилот, но блесна покрај сопругот во темна тоалета со форма на песочен часовник.
Криси Тајген позира во разголен фустан покрај Џон Леџенд, нејзината најголема поддршка, a Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен изгледаат среќно и вљубено, нежно прегрнати и фатени за рака.
Погледнете некои од најубавите парови кои издоминираа на црвениот тепих на Оскарите, но и на Vanity Fair забавата по доделувањето на наградите.