„Би дала сѐ да можам да слушнам уште една негова шега“ – Кортни Кардашијан емотивна за роденденот на татко ѝ

„Би дала сѐ за да можам уште еднаш да му испеам роденденска песна и да слушнам уште една од неговите шеги“ – Кортни Кардашијан со емотивна објава по повод роденденот на татко ѝ.

bi-dala-s-da-mozham-da-slushnam-ushte-edna-negova-shega-kortni-kardashijan-so-emotivna-objava-za-rodendenot-na-tatko-i-01.jpg

Во последните неколку месеци, Кортни Кардашијан се чини дека води целосно одвоен живот од нејзините сестри и мајка ѝ Крис Џенер, но таа одлучи да му оддаде почит на човекот со кого била најблиска во семејството.

bi-dala-s-da-mozham-da-slushnam-ushte-edna-negova-shega-kortni-kardashijan-so-emotivna-objava-za-rodendenot-na-tatko-i-02.jpg

По повод роденденот на нејзиниот татко Роб Кардашијан, Кортни објави стари фотографии со него, а до нив сподели емотивна порака.

„Татко ми денес ќе наполнеше 80 години. Би дала сѐ за да можам уште еднаш да му испеам роденденска песна и да слушнам уште една од неговите шеги, за последен пат.

bi-dala-s-da-mozham-da-slushnam-ushte-edna-negova-shega-kortni-kardashijan-so-emotivna-objava-za-rodendenot-na-tatko-i-03.jpg

Тој ја имаше најдобрата смисла за хумор и знаеше да го направи животот забавен, секое возење со автомобил, секој оброк, гледањето филмови (заедно гледавме филмови секоја среда и секоја недела ми покажуваше некој стар филм)...

Тој знаеше сѐ да направи да биде забавно и посебно. Среќен роденден на најдобриот татко на светот“.

За потсетување, Роб Кардашијан почина во 2003-та година од рак на хранопроводот.

Инаку, Кортни во последниот период е целосно сконцентрирана на животот со сопругот Тревис Баркер и го следи на неговите настапи и концерти.

bi-dala-s-da-mozham-da-slushnam-ushte-edna-negova-shega-kortni-kardashijan-so-emotivna-objava-za-rodendenot-na-tatko-i-04_copy.jpg

Таа ужива во првите месеци од животот на синчето Роки 13, а повремено објавува и по некоја нивна заедничка фотографија, но се труди неговото лице да го скрие од јавноста.

Прочитајте и „Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична изјава

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg