„Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична изјава

„Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш не сум го кажала јавно. Таквите моменти само прават да се смеам во себе“ – Ким Кардашијан откри дека консултирала медиум (видовита личност) за да разговара со татко ѝ и ја сподели приказната за тоа како знаела дека навистина зборува со него.

kim-kardashijan-otkri-bev-na-seansa-so-medium-za-da-razgovaram-so-tatko-mi-kako-sfativ-deka-ne-stanuva-zbor-za-izmama-01.jpg

Ким Кардашијан даде обемно интервју за GQ Magazine, каде беше избрана за Маж на годината.

Таа, меѓу другото, зборуваше и за блискиот однос со нејзиниот татко Роберт Кардашијан, кој беше адвокат и почина од рак на хранопроводот, на возраст од 59 години во 1995-та.

Ким, Клои, Кортни и Роб тврдат дека додека растеле, биле мошне блиски со нивниот татко, а најпознатата од сестрите Кардашијан сега тврди дека контактирала медиум, со цел да има можност да разговара со него.

77791497-12748745-image-a-2_1699984588023.jpg

Таа појаснува дека татко ѝ бил посветен христијанин и не сакал да верува во претскажувачи на иднината и тврдел дека тоа се измамници, па не сакал ниту да верува на една гатачка што му тврдела дека за „името Кардашијан ќе знае целиот свет“.

Во интервјуто, Ким признава дека сепак во еден период посетила личност што разговара со мртвите и појасни како знаела дека навистина разговара со татко ѝ:

„Татко ми имаше пукнатина на забот и секогаш му велев: ‘Тато оди на заболекар и поправи го забот’.

На ова тој само се смееше и ми велеше: ‘Кимберли, никој не забележува, во ред е’“ – раскажува таа и додава дека во моментот кога била на сеанса, и таа имала пукнатина на забот и останала вџашена кога видовитата личност ѝ рекла: „Татко ти ти се смее за забот“.

77791577-12748745-image-a-1_1699984584990.jpg

„Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш не сум го кажала јавно. Таквите моменти само прават да се смеам во себе“ – вели Ким.

На крај, таа напоменува дека во последните разговори што ги имала со татко ѝ, тој ја замолил да се грижи за нејзините сестри и браќа и рекол дека знае дека тие ќе бидат во ред.

„Тоа го сфатив како да ми кажа дека ќе бидам во ред во животот, но ме натера да носам поинакви одлуки“ – вели Ким.

76025033-12748745-RIP_Robert_Kardashian_was_59_when_passed_away_from_esophageal_ca-a-3_1699984777606.jpg

Инаку, Роберт почина 4 години пред да почне да се емитува реалното шоу што на неговите ќерки ќе им донесе светска слава – Keeping Up With the Kardashians, а Ким е уверена дека нејзиниот татко би бил горд со успехот што таа го постигнала.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg