Како изгледаат актерите од „Пипи долгиот чорап“ 55 години подоцна?
Најдобри пријатели на Пипи ѝ беа Томи и Аника. Овие улоги ги толкуваа Пар Санберг и Мариа Персон.
Пар имал 10 години кога се снимал филмот, а улогата ја добил сосема случајно.
За време на часовите по балет кои Пар ги посетувал, дошле агенти кои барале момче кое ќе го глуми Томи и го избрале токму него.
Со завршувањето на снимањето на Пипи, завршила и неговата актерска кариера, додека Мариа продолжила да снима, но не изградила успешна кариера.
Пар денес живее далеку од светлата на рефлекторите, имал приватна фирма во Шведска, која ја продал и се преселил во Шпанија.
Ужива во слободното време и игра тенис.
После 55 години од снимањето, актерите повторно се сретнаа и средбата ја овековечија со фотографија.
фото: Фејсбук
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук