Најозборувани фотографии во 2011
- Детали
- среда, 04 јануари 2012
Многу настани ја обележаа 2011 година. Бременост, разводи, судења, солзи, насмевки, возбудувања, голотија... Ова се фотографиите за кои најмногу...
...се крена врева во 2011та.
1. Ејми Вајнхаус ја загуби битката со своите внатрешни демони на 23 јули. Луѓето ширум светот трагично ја прифатија нејзината смрт.
2. Со фотографијата од Хрватска, Бијонсе им стави крај на гласините дека не е бремена и дека изнајмила сурогат мајка.
3. Во Јуни 2011 конгресменот Ентони Вајнер по грешка на Твитер објави фотографија од својот пенис.
4. Мајкл Даглас им влегол во кадар на сопругата Кетрин Зита Џонс и Анџелина Џоли на Golden Globe Awards.
5. Солзите на проблематичната Линдзи Лохан во судницата го заобиколија светот.
6. Фотографиите од голата Скарлет Јохансон прилично ја налутија, но мажите ширум светот беа воодушевени.
7. 20 годишната Мараја Јитер тврдеше дека Џастин Бибер е татко на нејзиното дете. На крајот се покажа дека Мараја лаже.
8. На 31 октомври после само 72 дена поминати во брак, Ким Кардашијан и Крис Хамфрис објавија развод.
9. Контроверзната Лејди Гага го шокираше светот кога се појави во февруари во вакво издание на Греми наградите.
10. Пејачот на групата Мaroon5, Адам, се разголе за британски Cosmo.
11. Шведската манекенка Викторија Силвестед и помалку атрактивна манекенка непозната на јавноста.
12. Човекот кој не успеа да започне нов светски тренд во носење на мобилен телефон.
13. Фотографијата на која американскиот претседател Барак Обама лиже сладолед.
14. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го фати за задникот Хуан Монако.
15. Ребека Блек. Нема потреба од дополнително објаснување.
16. Адел ја обележа оваа година. Прогласена е за уметник на година со најдобар сингл.