Кој ќе заработи најмногу за дочекот?
- Детали
- четврток, 29 декември 2011
Иако сите мислеа дека нејзината популарност ќе опадне по бракот кој траеше само 72 часа, Ким Кардашијан и понатаму знае како да се продаде.
За разлика од Линдзи Лохан која одби да се појави на дочекот на Новата година, Ким во ноќниот клуб Тао во Лас Вегас ќе заработи $600.000 долари! Сепак, таа се обврзува да работи и следниот ден – да ја води програмата и на првата ноќ од новата година.
Ферги за својот настап во хотелот Мираж ќе добие $100.000 долари.
Но, не сите ѕвезди биле доволно истрајни во своите барања – Кејти Пери барала $250.000 долари, а исто и Пи Диди – но, заради недоволно понудени финансии ги одбиле понудите.
Како што се шушка и на Ештон Качер му биле понудени многу пари – но, тој ги одбил сите понуди.
Мараја Кери за својот настап барала $500.000 долари, но не ги добила.
Изгледа дека Ким сепак ќе биде најплатена.