Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс

Дипломирала, но наместо да бара работа како професорка по флејта, решила дека ќе биде пејачка.

„Едно утро се разбудив и само решив дека ќе бидам пејачка. Почувствував дека ми паднал велот од очите, а јас конечно прогледав.

Им кажав на родителите дека нема да се вратам во родниот град, а тие беа ужаснати“, раскажува таа.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks005.jpg

Продолжила да работи како келнерка и еден ден во ресторанот ѝ пришол музички продуцент, кој откако ја слушнал како пее, веднаш ѝ понудил договор.

Пред да го потпише договорот, Ени го запознала гитаристот Дејвид Алан Стјуарт, кој ја советувал да не потпишува, туку да му дозволи нему да се грижи за нејзината кариера.

Ени прифатила и за кратко време се заљубила во него. Заедно го формирале бендот The Tourists, но по неколку години тој се распаднал.

Дури откако Ени и Дејвид почнале да настапуваат како Eurythmics се стекнале со светска слава.

По една исцрпувачка турнеја, Ени доживеала нервен слом, па во текот на лекувањето ѝ била дијагностицирана агорафобија - страв од отворени простори.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-05.jpg

Брзо потоа ја прекинала и врската со Стјуарт.

„Со Дејв се сложувавме одлично, но престанавме да бидеме љубовници по првиот голем успех на бендот.

Но, тоа беше и некако логично, бидејќи кога ќе останевме само зборувавме само за музика и ништо друго“, призна подоцна Ленокс.

Кратко потоа го запознала Германецот Раду Раман и по четири месеци се венчаa. Се преселиja во колиба во Швајцарија, но по помалку од 2 години брак се разведоа.

Брзо потоа татко ѝ почина од рак, по што Ленокс пак паднала во депресија.

Од оваа состојба ја извлекол израелскиот продуцент и режисер Ури Фрухтман. Ени останала бремена, па парот се венча во 1988 година.

Знаеле дека ќе добијат син и го избрале името Даниел, но нов удар за Ленокс дошол кога го родила синот мртов.

Една година подоцна ја испеа песната Angel, која им ја посвети на синот и татко ѝ.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-08.jpg

Во 1990 година ја роди ќерката Лола, по што се повлече од музиката за да се посвети на семејството.

На музичката сцена се врати како соло пејачка во 1992 година, кога го објави албумот Diva.

Следната година ја роди ќерката Тали.

Почна да се занимава со хуманитарна работа, а тоа и музиката ја оддалечија од сопругот, па парот се разведе во 2000 година.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-02.jpg

Во 2009 таа го запозна гинекологот Мич Бесер преку хуманитарната организација Mothers2Mothers, која ја основал тој за да им помогне на африканските жени заразени со ХИВ.

Додека работеле заедно, се заљубиле.

Во тоа време Бесер бил во брак, но откако папараците објавија фотка на која Ени и Мич се држат за раце, неговата сопруга побара развод.

Парот се венча во 2012 година.

„Сега веќе не се плашам од ништо, конечно сум среќна“, изјави Ленок брзо потоа.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg