Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови
Ден Билзеријан
Ден се збогати и прослави играјќи покер, но сега е најпознат по фалењето со богатството и жените.
Токму поради ова, Ден се соочува со остри критики.
Многумина сметаат дека ги искористува жените и ги третира како објекти, а со тоа не треба да служи како пример за млади момчиња.
Логан Пол
Логан Пол е јутјубер, но и една од најпознатите личности во светот.
Можеби најмногу ја разгневи јавноста кога се снимаше во озлогласената „шума на самоубиства“ во Јапонија, а видеото го објави на Јутјуб.
Со ова, јутјуберот покажа непочитување кон оние кои го загубиле животот во шумата, по што беше принуден јавно да се извини.
Но, низ годините тој имал и бројни други скандали – честопати приредува невкусни шеги на луѓето за неговите видеа, а споделува и лоши совети за малите момчиња.
На пример, тој ги има убедувано неговите фанови дека треба да се откажат од училиште и образование воопшто ако сакаат да бидат како него.
Иако Логан е една од најследените личности онлајн, тој е и една од најомразените.
Елен Деџенерес
Познатата водителка им беше омилена на многумина, сè додека јавноста не дозна за третманот што го добивале нејзините вработени.
Вработените споделуваа дека биле малтретирани, работеле по цел ден, а притоа не ни биле платени колку што треба.
Елен се извини јавно, но не успеа да си ја подобри репутацијата.
Нејзиното шоу, пак, престана да се емитува по 2022-ра.
Амбер Херд
Амбер е можеби најомразената личност од светот на шоу-бизнисот, и тоа благодарение на судењето со Џони Деп.
Амбер го обвини актерот за малтретирање и низа други работи, за на крај да се докаже дека таа била лошиот во нивниот брак.
Во текот на судењето се открија навистина невкусни работи за актерката и таа си ги уништи и репутацијата, и кариерата.
Спирова С. | Црнобело