Тажни детали од животот на Еминем: Речиси умре од предозирање со дрога, мајка му го малтретирала

Сакан член од неговото семејството извршил самоубиство

Бидејќи немал татко, „татковска фигура“ во животот на Еминем биле двајца негови чичовци – Рони и Тод.

Раперот бил особено близок со Рони и наводно поради него почнал да ја сака рап музиката.

Но, кога Еминем имал 19 години, Рони извршил самоубиство. Во интервју за Rolling Stone, раперот откри дека толку бил тажен што не зборувал со денови, а не можел да му отиде ни на погреб.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-05.jpg

Поранешната сопруга проба да изврши самоубиство

Еминем беше во брак со Ким Скот кој заврши мошне бурно.

Тој дури и издаде две песни во кои вели дека фантазира да ја убие.

Поради текстовите на песните, Еминем беше обвинет за семејно насилство, но го негираше ова.

Сепак, се чини стиховите имале ужасно влијание врз Ким која пробала да изврши самоубиство околу една година подоцна.

Подоцна, во интервју за People, таа зборуваше за влијанието на песните врз неа:

„Кога гледав како тој ја пее песната, а публиката се радува, ги пее стиховите и се смее… Знаев дека тоа е за мене, па таа вечер отидов дома и пробав да извршам самоубиство“.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-06.jpg

Речиси умре од предозирање

Уште од почетокот на кариерата донекаде беше јасно дека Еминем има проблеми со зависност од дрога.

Дури и самиот имаше изјавено дека неговиот проблем со дрогата е „јавна тајна“.

Но, сериозната на оваа зависност излезе на виделина во 2007-ма, кога раперот речиси умре по предозирање.

Следната година раперот успеа да се ослободи од дрогата, а издаде и албум во чиј фокус е битката со зависноста.

Во 2021-ва, тој откри дека е трезен повеќе од 12 години.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-07.jpg

Го изгуби најдобриот пријател

Во 2006 година, пред ноќен клуб во Детроит, пријателот на Еминем – раперот Proof – беше застрелан и убиен.

Тој и раперот биле пријатели уште од детството.

„Бевме браќа. Тој ме направи личноста којашто сум денес. Без неговото водство и неговото охрабрување, Еминем немаше да постои“, изјави раперот по трагичната смрт.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-eminem-rechisi-umre-od-predoziranje-so-droga-majka-mu-go-maltretirala-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg