Малума ја бакнува бремената девојка, Шакира со синовите – Ѕвездите на Latin Grammy Awards 2023
- Детали
- петок, 17 ноември 2023
Шакира се врати во Шпанија за да ги „собере“ наградите на Latin Grammy Awards 2023, па гордо позираше со двајцата синови. Karol G, Анита и Росалија се појавија во смели модни изданија и издоминираа на црвениот тепих. Кои беа најпознатите ѕвезди што се појавија на Latin Grammy Awards 2023?
Најпознатите латино музички ѕвезди се собраа во Севиља во Шпанија, каде во четвртокот (16.11) се одржа доделувањето на Latin Grammy Awards 2023.
На црвениот тепих продефилираа голем број звучни музички имиња, меѓу кои Karol G, Анита и Росалија, но најголемо внимание привлекоа Шакира и Малума.
Шакира освои дури 3 награди меѓу кои: албум на годината, песна на годината и најдобра поп песна, а со неа на настанот беа и нејзините двајца синови, Милан и Саша, кои гордо позираа во кремасти аутфити.
На настанот пејачката смени дури три комбинации – за настапот на сцената носеше тесен кобинезон, а најмногу внимание привлече во зелената тоалета со светки, која имаше голем број отсечоци и врвки.
На настанот дојдоа голем број познати парови, вклучувајќи го и Малума кој на црвениот тепих се појави со бремената девојка Сузана Гомез.
Малума го бакнуваше трудничкиот стомак на неговата девојка, ја прегрнуваше и страсно ја бакна во уста.
Парот беше модно услогласен – пејачот на себе носеше ракавици во иста боја како тоалетата на неговата понежна половина.