Бебето на Кортни Кардашијан ќе смеат да го видат само оние што добиле покана – Ким сѐ уште не е поканета

„Имам среќен живот и најсреќна сум кога ќе се оддалечам од вас“ – им порача Кортни Кардашијан на своите сестри непосредно пред породувањето, а сега воведе нови правила. Сестрите и мајка ѝ ќе смеат да го видат нејзиното новороденче дури откако ќе добијат покана.

bebeto-na-kortni-kardashijan-kje-smeat-da-go-vidat-samo-onie-shto-dobile-pokana-kim-s-ushte-ne-e-pokaneta-po-glasinite-za-afera-so-trevis-01.jpg

Најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни, неодамна се породи и на свет го донесе синот Роки 13, кој го доби заедно со сопругот Тревис Баркер, но очигледно парот планира да воведе нови правила.

bebeto-na-kortni-kardashijan-kje-smeat-da-go-vidat-samo-onie-shto-dobile-pokana-kim-s-ushte-ne-e-pokaneta-po-glasinite-za-afera-so-trevis-06.jpg

Ако во минатото семејството Кардашијан беше познато дека целиот свој приватен живот го изнесува јавно, Кортни одлучи колку е можно подолго да го крие својот син од очите на јавноста.

Таа и Тревис досега не објавиле фотки од бебето, ниту пак споделиле какви било информации за неговото раѓање.

Но, очигледно, ова правило не се однесува само на пошироката јавност, туку и на семејството на Кортни.

bebeto-na-kortni-kardashijan-kje-smeat-da-go-vidat-samo-onie-shto-dobile-pokana-kim-s-ushte-ne-e-pokaneta-po-glasinite-za-afera-so-trevis-02.jpg

Како што пишува US Sun, Кортни сѐ уште не им дозволила ниту на членовите на нејзиното семејство да го видат бебето, а сестрите и мајка ѝ Крис Џенер ќе можат да го видат дури откако ќе добијат покана.

„Кортни и Тревис се договорија дека ќе одвојат време само за потесното семејство и за Кортни да се одмори, а потоа ќе испратат покани до другите членови на семејството, и тоа еден по еден“ – пишува весникот.

bebeto-na-kortni-kardashijan-kje-smeat-da-go-vidat-samo-onie-shto-dobile-pokana-kim-s-ushte-ne-e-pokaneta-po-glasinite-za-afera-so-trevis-03.jpg

Според извори блиски до парот, ниту Ким досега немала можност да го види внукот. Овој факт воопшто не зачудува, имајќи предвид дека сестрите имаат нарушени односи, а непосредно пред породувањето на Кортни, во дел од светските медиуми се појавија шпекулации дека таа и Ким се скарале заради Тревис.

Со оглед на тоа што Тревис во неговите мемоари од 2016-та година напишал дека смета дека Ким Кардашијан е „згодна“, на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека двете сестри се во влошени односи заради тоа што Ким и Тревис имале афера во минатото.

bebeto-na-kortni-kardashijan-kje-smeat-da-go-vidat-samo-onie-shto-dobile-pokana-kim-s-ushte-ne-e-pokaneta-po-glasinite-za-afera-so-trevis-04.jpg

Тревис ги отфрли ваквите пишувања, а во реалното шоу, сестрите октрија дека имале посебна група насловена „Без Кортни“, каде што се жалеле и ја озборувале најстарата сестра.

На ова, Кортни едноставно ѝ одговори на Ким:

„Имам среќен живот и најсреќна сум кога ќе се оддалечам од вас. Посебно од тебе!“

bebeto-na-kortni-kardashijan-kje-smeat-da-go-vidat-samo-onie-shto-dobile-pokana-kim-s-ushte-ne-e-pokaneta-po-glasinite-za-afera-so-trevis-07.jpg

Прочитајте и Кортни Кардашијан откри зошто не ја поднесува Ким: „Алчна е и бесчувствителна, поважни ѝ се парите од мене“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молит... „Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин-витра, 3 процедури за вадење ја...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg