Адел: Понекогаш сум очајна затоа што сум сама
- Детали
- среда, 14 декември 2011
Една од најуспешните кантавторки на денешницата, Адел, која со своите хитови ги освои светските топ листи призна дека не жали за ништо...
...друго освен за тоа повторно да биде заљубена.
Пејачката има два успешни албуми „19“ и „21“, благодарејќи на кои ја доби славата и богатството, па вели дека е повторни подготвена за љубов.
- Понекогаш сум очајна затоа што немам некој со кого би го поделила сето ова што ми се случува. Не сакам ништо друго освен да бидам заљубена и сакана. Така било отсекогаш, од кога знам за себе и тоа сум го поделила со милиони луѓе – вели соул дивата и признава дека не било секогаш така и дека албумот „21“ постојано ја потсетува на нејзината изгубена љубов.
- Имам горки и тажни сеќавања. Јасно е дека успеав тоа да го поднесам, затоа што албумот успеа и тоа е постојан потсетник од кого не можам да се ослободам – објаснува популарната пеачка.