Ја чекаше да се разведе, а сега ќе имаат дете - Малума на уникатен начин откри дека девојка му е бремена
Не е познато дали парот избрал име, но во спотот се гледа како и двајцата носат ланче на кое пишува „Парис“.
Откако го објави видеото, Малума сподели инсерт на неговиот Инстаграм профил со опис:
„Нашата љубовна приказна“.
Само неколку дена пред премиерата на спотот, пејачот, кој не ја крие љубовта кон Сузана, сподели неколку заеднички фотки под кои напиша:
„Луд сум по тебе“.
Малума и Сузана ја почнаа врската во август 2020-та, а ја потврдија дури една година подоцна. Тие неколу години биле само пријатели бидејќи, според колумбиските медиуми, Сузана била во брак, а Малума ја чекал да се разведе.
Пред извесен период се појавија гласини дека се свршени, но пејачот ги негираше.
Парот првпат се појави заедно на Billboard Latin Music Awards во 2022-ра, каде што Малума страсно ја бакна Сузана пред сите.
Сузана и Малума не откриваат многу детали за нивната врска, па не е познато кога очекуваат да се роди детето.
Погледнете го новиот спот на Малума:
Прочитајте и: Романтичната љубовна приказна на Малума и неговата избраничка - тајно бил вљубен во скромна девојка
Спирова С. | Црнобело