Гал Гадот 2 години служела во израелската војска: „Се пријавив на 20 години, научив да пукам во воен камп и трчав по 12km дневно“

Актерката Гал Гадот, пред да стане холивудска ѕвезда, била избрана за Мис Израел. Но, решила високите потпетици да ги замени со војнички чизми и се пријавила во војска во нејзиниот роден Израел, каде што останала 2 години. Како изгледала нејзината обука?

gal-gadot-2-godini-sluzhela-vo-izraelskata-vojska-se-prijaviv-na-20-godini-nauchiv-da-pukam-vo-voen-kamp-sekoe-utro-trchav-po-12-kilometri-01.jpg

Гал Гадот од Израел е суперхерој на екранот, но и во приватниот живот. Малкумина знаат дека холивудската ѕвезда, пред да ја почне својата актерска кариера, поминала 2 години во војска, од 2005 до 2007 година.

Гадот била дел од Израелските одбранбени сили, каде што била инструктор по борење.

gal-gadot-2-godini-sluzhela-vo-izraelskata-vojska-se-prijaviv-na-20-godini-nauchiv-da-pukam-vo-voen-kamp-sekoe-utro-trchav-po-12-kilometri-02.jpg

Иако никогаш не била директно вклучена во воените акции, таа вели дека службата во војската ѝ помогнала да научи многу за дисциплината и почитта.

„За да станам инструктор по борење, поминав тежок тренинг кој траеше 4 месеци.

Секое утро станувавме пред изгрејсонце и трчавме по 12 километри.

Зависно од тренингот, некогаш беше едноставно, но некогаш трчавме и со полна опрема“, изјави актерката во едно интервју.  

gal-gadot-2-godini-sluzhela-vo-izraelskata-vojska-se-prijaviv-na-20-godini-nauchiv-da-pukam-vo-voen-kamp-sekoe-utro-trchav-po-12-kilometri-03_cleanup.jpg

Гал имала само 20 години кога се пријавила да служи војска.

Воената обврска е задолжителна во Израел, дури и за жените, а Гадот вели дека не чекала да добие покана од државата, туку се пријавила самата.

„Во еден момент се натпреварував за Мис на Израел (во 2004), а во следниот, веќе носев униформа и учев како да ракувам со пушка.

Учев и боречки вештини, кои подоцна им ги пренесував на новите војници.

Потоа, бев и фитнес инструктор, а војниците ме обожаваа бидејќи не бев строг инструктор“, вели таа.

gal-gadot-2-godini-sluzhela-vo-izraelskata-vojska-se-prijaviv-na-20-godini-nauchiv-da-pukam-vo-voen-kamp-sekoe-utro-trchav-po-12-kilometri-05.jpg

Таа беше дел од одбранбените сили и во времето на израелско-либанскиот конфликт во 2006 година, кој траеше 34 дена.

Но, нејзиниот живот ни не бил загрозен, бидејќи времето го поминувала во воениот камп, а не на терен.

Во армијата Гал се стекнала со чин наредник.

gal-gadot-2-godini-sluzhela-vo-izraelskata-vojska-se-prijaviv-na-20-godini-nauchiv-da-pukam-vo-voen-kamp-sekoe-utro-trchav-po-12-kilometri-07.jpg

Во едно скорешно интервју, актерката откри дека воениот тренинг ѝ помогнал многу за улогите во Wonderwoman и во Heart of Stone, каде што глуми таен агент.

„Мора да признаам дека воениот тренинг беше полесен отколку подготовките што ги имав за улогата во Wonderwoman. Тогаш тренирав секој ден по шест часа, што беше вистинско исцрпување.

Но, војската ме научи на дисциплина, почит и најважно дека групата и доброто на сите е поважно од она на поединецот“, откри таа.

https://www.instagram.com/p/CHwG_qVBqHS/

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg