Шарлиз Терон на модна ревија со ќерка ѝ, која е родена како момче - Џексон (11) носи здолниште, има долги плетенки
- Детали
- среда, 27 септември 2023
Шарлиз Терон ретко ги покажува децата во јавност, па беше вистинско освежување кога се појави на модна ревија во Париз со ќерката Џексон. Во 2019-та, Шарлиз откри дека Џексон, која е родена како момче, ѝ рекла дека не се чувствува како машко и оттогаш актерката ја расте како ќерка.
Уште во 2019 година, Шарлиз Терон откри дека едното од нејзините деца, кое е родено како момче, е всушснот трансродова личност.
Актерката има две посвоени деца - Џексон (11) и Август (8).
Со години, Џексон се појавуваше во јавност со фустанчиња, по што актерката одлучи да открие дека е трансродово лице.
Односно, иако е родена како момче, се чувствува како девојче, а Шарлиз ја поддржува во ова.
Актерката вели и дека Џексон е исто девојче, колку и нејзината сестра Август.
„Да, и јас мислев дека е момче. Сè додека не ме погледна во очи кога имаше три години и ми рече ’Јас не сум момче!‘
Па, ете! Имам две прекрасни ќерки кои, како секој родител, сакам да ги заштитам и да ги гледам како успеваат. Тие се родени такви какви што се, треба да се пронајдат како што растат и да откријат што сакаат да бидат.
Тоа не е мое да одлучувам. Мојата задача како родител е да ги славам и да ги сакам и да се осигурам дека ќе имаат сè што им треба за да го постигнат она што го сакаат“, изјави актерката за Daily Mail во 2019-та.
Шарлиз ретко се појавува во јавност со ќерките, па беше вистинско освежување кога беше забележана со Џексон на модна ревија во Париз.
Актерката и 11-годишната Џексон беа на ревија на Dior и изгледаа совршено.
Џексон носеше карирани здолниште и кошула, додека Шарлиз се појави со бела кошула и златно, мрежесто здолниште.
Мајката и ќерката седеа во првиот ред.
Двете ќерки на Шарлиз Терон се посвоени, а во 2018-та таа откри зошто се одлучува за посвојување:
„Не гледам разлика во тоа да се грижам за биолошко или посвоено дете. Посвојувањето отсекогаш било мојот прв избор“.
Шарлиз ја посвои Џексон во 2012-та, а Август во 2015 година.
Прочитајте и: Синот ѝ се облекува во фустани, ја нарекуваат лоша мајка: 12 факти за Шарлиз Терон како родител
Спирова С. | Црнобело