Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца
- Детали
- среда, 20 септември 2023
„Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои имаат деца. Сега имам нова почит за сите мајки и татковци. Јас и не се сеќавам на животот што го имав пред да станам мајка“, изјави Ријана, по добивањето на вториот син.
Ријана и нејзиниот сопруг, раперот Ејсап Роки, направија семејни фотографии со двата сина и првпат во јавноста го покажаа бебето Рајот Роуз (Riot Rose), кое се роди на 1 август.
Тие долго време криеја дека пејачката го родила нивното второ дете и не објавуваа никакви фотографии со бебето на социјалните мрежи.
Дека е бремена со второто дете, Ријана откри на својот настап на Superbowl 2023, кога на сцената го покажа трудничкиот стомак.
Таа претходно во мај 2022 го роди првиот син, Рза (RZA). Пејачјката брзо потоа откри дека Рза го добил името според прекарот на Роберт Фицџералд Дигс, познат рапер и водач на групата Wu-Tang Clan.
Иако ретко зборува за приватниот живот и мајчинството, Ријана во интервју за британски Vogue изјави дека откако станала мајка се чувствува комплетна.
„Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои имаат деца. Сега имам и нова, поинаква почит за сите мајки и татковци.
Јас и не се сеќавам на животот што го имав пред да станам мајка“, изјави таа.
Ријана и Ејсап Роки почнаа љубовна врска во 2020 година, а професионално соработуваат од 2013. Парот не е во брак, иако во јуни 2023 некои американски медиуми пишуваа дека тајно се венчале.