Блејк Лајвли блесна во златен комбинезон, Ким Кардашијан со дуксер: Што носеа ѕвездите на Модната недела во Њујорк?

Додека Блејк Лајвли не остави никого рамнодушен со златниот комбинезон, Ким Кардашијан одбра малку чудна комбинација од црни панталони, дуксер и долг кожен мантил со змиски принт и ги подели мислењата. Што носеа ѕвездите на Модната недела во Њујорк?

blejk-lajvli-blesna-vo-zlaten-kombinezon-kim-vo-chudna-kombinacija-od-bluzon-i-kozhen-mantil-shto-nosea-poznatite-na-modnata-nedela-vo-njujork-foto-01.jpg

Модната недела во Њујорк е еден од најголемите настани во светот на модната индустрија.

Годинава Модната недела трае од 7-ми до 13-ти септември и во овој период во Менхетн се одржуваат бројни модни ревии и промотивни настани од најпознатите дизајнерски куќи.

На настанот присуствуваат дел од најголемите ѕвезди во шоу-бизнисот кои се појавуваат во впечатливи модни изданија што привлекуваат повеќе внимание и од самите ревии.

Од познатите можеби најмногу се истакна Блејк Лајвли, која блесна во златен комбинезон со тенок ремен и златен накит.

blejk-lajvli-blesna-vo-zlaten-kombinezon-kim-vo-chudna-kombinacija-od-bluzon-i-kozhen-mantil-shto-nosea-poznatite-na-modanta-nedela-vo-njujork-foto-02.jpg

Ким Кардашијан, пак, беше забележана со необична комбинација од широки панталони, дуксер и долг кожен мантил со змиски принт.

blejk-lajvli-blesna-vo-zlaten-kombinezon-kim-vo-chudna-kombinacija-od-bluzon-i-kozhen-mantil-shto-nosea-poznatite-na-modanta-nedela-vo-njujork-foto-4.jpg

Ријалити ѕвездата беше во друштво на милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез која носеше тесен црн фустан.

blejk-lajvli-blesna-vo-zlaten-kombinezon-kim-vo-chudna-kombinacija-od-bluzon-i-kozhen-mantil-shto-nosea-poznatite-na-modanta-nedela-vo-njujork-foto-03.jpg

На друг настан во склоп на модната ревија, Лорен се појави и во мошне провокативно издание – носеше краток светкав црн фустан, украсен со везови во форма на ѕвезди.

Нејзиниот сакан избрал полежерна комбинација од панталони, маичка и елек.

blejk-lajvli-blesna-vo-zlaten-kombinezon-kim-vo-chudna-kombinacija-od-bluzon-i-kozhen-mantil-shto-nosea-poznatite-na-modanta-nedela-vo-njujork-foto-05.jpg

На модните ревии се појавија и ѕвезди како Џеј Ло, Хали Бери, Џиџи Хадид... Некои познати личности присуствуваа и на повеќе настани.

Дел од впечатливите модни изданија на Модната недела во Њујорк:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Морничавата опсесија на Ким Кардашијан – купува облека и накит од починати славни личности Шешир на Мајкл Џексон, часовник на Џеки Кенеди, накит на Елизабет Тејлор – Ким К...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg