Беше заљубен во ќерките на Мадона и Џони Деп, со врската со Кајли Џенер го разбранува Холивуд: Кој е Тимоти Шаламе?
- Детали
- сабота, 16 септември 2023
Ќерката на Мадона ми беше прва девојка, а по врската со него, ќерката на Џони Деп откри дека е хомосексуалка. Знае да се појави на црвениот килим во екстравагантни модни изданија, што речиси секогаш остануваат забележани, а на само 22 години беше номиниран за „Оскар“. Што знаеме за Тимоти Шаламе, новиот дечко на Кајли Џенер?
Актерот Тимоти Шаламе (27) е еден од омилените на помладата генерација. Вниманието го привлекува со изгледот и екстравагантните појавувања на црвениот килим, со одличните улоги, но и со љубовниот живот.
Прва девојка му беше Лурдес Леон, ќерката на Мадона, а кога неодамна на концерт на Бијонсе дојде со милијардерката и ријалити ѕвезда Кајли Џенер (26), ја потврди врската за која медиумите шпекулираа со месеци.
Шаламе е ѕвезда на филмовите „Dune“, „Wonka“ и „Call Me by Your Name“. Има и номинација за Оскар, поради што многумина му предвидуваат блескава иднина во Холивуд.
Во исчекување на продолжението на филмот „Dune“, каде што му е партнерка Зендеја, Тимоти повторно ги полни страниците на светските таблоиди.
Но, сега не со актерството, туку со приватниот живот.
Тој со месеци криеше дека е во врска со милијардерката (и мајка на две деца) Кајли Џенер, и иако не потврди дека се заедно, медиумите ги фотографираа додека се бакнуваат на концерт на Бијонсе, а потоа папараците ги снимија и како разменуваат нежности на финалето на US Open меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.
Што знаеме за Тимоти Шаламе, новиот дечко на Кајли Џенер?
Роден е на 27 декември 1995 година во Њујорк.
Уште како дете сакал да биде актер.
Првата голема улога ја доби на 22 години, во филмот „Call Me by Your Name“.
Таму глумеше заедно со Арми Хамер, а за улогата на Елио Перлеман, момче кое открива дека е хомосексуалец, доби и номинација за Оскар.
Освен ова, има и номинација за Златен глобус и БАФТА.