Чарли Шин конечно „трезен“, шармантното детенце непрепознатливо: Како изгледаат и што прават ѕвездите од „Two and a Half Men“?
- Детали
- петок, 08 септември 2023
Ангус, актерот кој го глумеше забавното дете Џејк во Two and a Half Men, денес е непрепознатлив и води „нормален“ живот, по бројните напади кон серијата и членувањето во религиска организација. Чарли Шин, пак, кој беше отпуштен од серијата, денес конечно е „исчистен“ од пороците.
Чарли и шармантното детенце Џејк од Two and a Half Men се едни од најпрепознатливите ликови од која било ситком серија.
Но, Чарли Шин, кој го глумеше истоименикот Чарли, и Ангус Т. Џонс, кој го глумеше Џејк, си имаа низа проблеми со серијата.
Чарли Шин беше отпуштен од серијата, без разлика што беше главната ѕвезда, додека Ангус имаше само лоши зборови за колегите и целото искуство со снимањето, па самиот си даде отказ.
Отпуштањето на Чарли Шин своевремено беше еден од поголемите скандали во Холивуд, а „препукувањето“ помеѓу актерот и креаторот на серијата траеше со години.
Ангус, пак, се повлече од јавноста, стана религиозна личност и многупати ја критикуваше серијата за развратот што го промовирала.
Чарли Шин доби отказ во 2011-та поради неговите зависности, но и бидејќи јавно го напаѓаше креаторот Чак Лори.
Наводно, денес тие се во добри односи, а сега режисерот на серијата откри што точно се случувало:
„Сите пробувавме да снимиме телевизиска серија. Но, однесувањето на Чарли стануваше сè позаморно и сè поголем проблем“.
Во 2010-та, Чарли отишол на рехабилитација, но само два месеца подоцна искршил хотелска соба и бил пронајден гол, под дејство на дрога и алкохол.
„Сите бевме сериозно загрижени за него. А, Чарли само ни велеше дека е во ред. Она што му се случуваше во приватниот живот почна да има огромно влијание врз серијата“, вели режисерот.
Друг проблем за Чарли било тоа што глумењето во серијата му станувало монотоно и се чувствувал заглавено во својот лик. Па, по некое време, престанал да доаѓа на снимањата.
Актерот ја „прелил чашата“ со јавните напади против креаторот на Two and a Half Men.
Чак Лори, креаторот на серијата
Еден месец по изјавите, Чарли доби отказ.
Тој период актерот беше дијагностициран и со ХИВ, а според многумина овие лоши новости имале влијание врз неговото однесување.
Сепак, самиот изјави дека иако сакал да ја обвинува дијагнозата, му станало јасно дека има сериозен проблем.
По бројните проблеми со зависноста, но и законот, Чарли сега наводно бил „чист.
„Сега не користи ништо. Не пуши ни цигари… Мислев дека никогаш нема да го видам тоа“, изјави неговата стилистка.