И со некој килограм вишок, Адријана Лима покажа што е доминација на црвен тепих во Венеција (фото)
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
Иако не изгледа како што бевме навикнати да ја гледаме на модните писти, Адријана Лима и по третата бременост е поим за убава жена, која зрачи со самодоверба, гламур и успева да издоминира каде и да се појави.
Адријана Лима им го привлече вниманието на сите присутни на 80-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција кога се појави на црвениот тепих.
Лима ја видовме во две пригоди, од кои едната беше премиерата на филмот „The Killer“, каде се појави во долг црн фустан, а другата беше премиерата на филмот „Maestro“, каде се одлучи за златен фустан во комбинација со впечатлив скапоцен ѓердан.
Иако Лима уште има некој килограм вишок по третата бременоста, таа изгледа прекрасно.
Овојпат нејзиниот сакан Андре Лемерс не ја придружуваше на црвениот тепих.
Адријана Лима во Венеција:
С. С. | Црнобело