Канибализам, силување, насилство – Мрачните обвиненија против актерот Арми Хамер
- Детали
- сабота, 09 септември 2023
Актерот Арми Хамер е обвинет за физичко и сексуално насилство, како и за канибализам од страна на неколку жени. Иако засега нема докази кои го потврдуваат ова и тој не бил на суд, неговата актерска кариера заврши, а тој работи „обична“ работа со ниски приходи. Што точно тврдат жртвите на актерот?
Актерот Арми Хамер е најпознат по улогата во Call Me by Your Name, каде што глуми рамо до рамо со Тимоти Шаламе.
Но, оттогаш речиси и да не е активен поради бројните обвиненија против него кои вклучуваат насилство, силување, па дури и канибализам.
Најпрво, важно е да се спомне семејството од коешто потекнува Арми.
Прадедото на актерот е бизнисменот кој ја основал компанијата Occidental Petroleum чија вредност денес се проценува на околу 55 милијарди долари.
Односно, актерот е богат наследник кој честопати е ставан во „ист кош“ како други богати наследници, вклучувајќи ги Иванка Трамп и Парис Хилтон.
Постојат шпекулации дека прадедо му го стекнал богатството на нелегален начин, а исто така и перел пари.
Се претпоставува дека бил вмешан во разни политички скандали, како и дека во минатото бил поврзан со моќни политичари од САД и Советскиот Сојуз.
Тој бил ужасен во приватниот живот – со години ја малтретирал љубовницата, ја понижувал, ја натерал да се грижи за него во староста, а на крај не ѝ оставил ни „скршен денар“.
И дедото на Арми Хамер не бил нешто подобар – тој убил човек поради коцкарски долг, а против него има обвиненија за физичко и сексуално насилство.
Генерално, за повеќето членови од семејството на Арми Хамер кружат слични, ужасни гласини.
Пораснат со многу привилегии, Арми Хамер одлучил дека сака да стане актер.
Првата улога ја доби во 2010-та, во филмот The Social Network.
Но, стана светски познат дури во 2018-та, благодарение на филмот Call Me by Your Name.
Набрзо потоа почнаа контроверзиите со актерот.
Во 2019-та тој сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како неговото мало синче му го лиже палецот на ногата.
Додека многумина велеа дека малите деца ставаат сè и сешто во уста и нема ништо контроверзно во видеото, она што беше вознемирувачко беа таговите на објавата, како зборот „фетиш“.
Во 2020 година, Арми најави дека ќе се разведува од сопругата по 10 години брак, а веќе на почетокот на 2021-ва јавноста почна да ја открива мрачната страна на актерот.