Сите детали за аргентинската актерка која почина по зголемување на задникот - ѝ инјектирале забранета супстанција
- Детали
- вторник, 05 септември 2023
Аргентинската актерка Силвина Луна почина од компликации кои настанале како резултат на процедура за лифтинг на задникот што ја направила уште во 2011-та. Пластичниот хирург, кој сè уште е на слобода, ѝ инјектирал забранета супстанција на актерката која ѝ предизвикала сериозни проблеми со бубрезите. Претходно, тој бил тужен од уште неколку жени за истата процедура.
Силвина Луна беше популарна аргентинска актерка која почина на 31.08 на 43-годишна возраст од здравствени компликации, како проблеми со бубрезите, по лошо изведена процедура за лифтинг на задникот.
Вестите за нејзината смрт беа споделени на 31-ви август, а наводно хирургот којшто ја извршил козметичката процедура веќе бил одговорен за смртта на друг пациент.
Силвина поминала 79 дена во болница, таму се заразила со болест, најверојатно ковид, и починала додека чекала трансплантација на бубрег.
Која е Силвина и што точно ѝ го загрозило здравјето?
Силвина Луна се прославила во Аргентина кога се пријавила во реалното шоу Big Brother во 2001 година.
Во 2011-та направила козметичка процедура за лифтинг на задникот бидејќи верувала дека ова ќе ѝ помогне да напредува во кариерата како модел и актерка.
Наводно, токму оваа операција е одговорна за нејзините проблеми со здравјето, а подоцна и нејзината смрт.
Силвина отишла кај контроверзниот пластичен хирург Анибал Лотокои кој во задникот ѝ инјектирал супстанција која е забранета во Аргентина.
Според медиумот Hola! хирургот ѝ инјектирал синтетички полимер, кој е всушснот вид пластика.
Анибал Лотоки - хирургот кој ја направил процедурата во 2011-та
Првите проблеми со здравјето на Силвина почнале да се јавуваат во 2015-та.
Тогаш била хоспитализирана бидејќи имала камења во бубрезите. Ѝ биле дијагностицирани и други проблеми со бубрезите, па морала да оди на дијализа трипати неделно, додека да се најде погоден донор.
Следната година, таа отишла кај друг хирург во Мајами (Кристијан Перез) кој ѝ ја отстранил штетната супстанција од задникот.