Беше омилена жена во Америка, а секс скандалот со колега ѝ ја уништи кариерата: Бурниот љубовен живот на Мег Рајан
- Детали
- недела, 03 септември 2023
Првиот сопруг не можел да се носи со нејзината слава, па ја изневерувал. Се разведе откако целиот свет дозна за нејзината секс афера со колега... Како Мег Рајан од омилената жена во Америка се претвори во прељубничка и каде е и што прави денес?
По 8 години пауза, холивудската актерка Мег Рајан (61), се враќа на големото платно во нова романтична комедија, заедно со Дејвид Духовни, а публиката нетрпеливо очекува да го види нејзиниот нов филм, насловен What Happens Later.
Актерката во 90-тите беше една од најпознатите холивудски ѕвезди, благодарение на улогите во филмовите You’ve Got Mail и Sleepless in Seattle.
Во 2018-та година таа одлучи да се повлече од кариерата како актерка, со надеж дека конечно ќе се пронајде себеси и ќе открие што е тоа што сака да го прави.
„Не ми беше целта да станам актерка. Јас студирав новинарство и бев мошне љубопитна и сакав да излезам во светот и да откријам која сум“ – рече таа во една изјава и додаде дека воопшто не ѝ се допаѓало тоа што била етикетирана како „омилената жена“ во Америка.
Но, додека на филмското платно Мег Рајан секогаш успеваше да го освои срцето на саканата личност и да ѝ даде можност на љубовта да победи, нејзиниот приватен љубовен живот е далеку од бајка.
Неколку интересни факти за бурниот љубовен живот на Мег Рајан:
На почетокот на 90-тите, додека сѐ уште работеше напорно за да ја изгради сопствената кариера, Мег стапи во брак со Денис Квајд.
Денис и Мег се запознале уште во 1987-ма година додека заедно работеле на трилерот Innerspace, но врската ја започнаа во 1988-ма година додека работеа на филмот D.O.A.
Тие двајца се венчаа на Валентајн во 1991-ва година, а во 1992-ра година го добија синот Џек Квајд (кој во моментов е актуелен со улогата во Oppneheimer).
Во 90-тите Мег и Денис важеа за еден од најскладните парови во Холивуд, а актерката благодарение на мега популарните улоги во романтичните комедии успеа да го освои епитетот „омилената жена во Америка“.
Во 2000-тата година Мег се најде среде секс скандал со нејзиниот колега Расел Кроу, со кого глумеа заедно во филмот Proof of Life. Во тој период вестите за нивната афера се проширија во сите таблоиди и Мег се најде на удар од публиката затоа што го уништила бракот.
Од друга страна, актерката тврдеше дека нејзиниот однос со Денис бил нарушен долго пред да ја започне аферата со Расел и дека поранешниот сопруг ја изневерувал повеќепати.
Да бидат нештата уште полоши, Мег и Расел раскинаа само по неколку месеци, а продуцентите ги обвинија актерите затоа што филмот Proof of Life доживеа вистински неуспех.
„Мислам дека Расел претрпе голем удар, но тој не го растури мојот брак. Тој дефинитивно беше тука на крајот, но тоа не беше негова вина. Јас бев хаос.
Го повредив и него на крајот. Не можев да влезам уште во една долга врска, не беше време за тоа, па затоа ставив крај“ – рече таа во една пригода.