Евровизискиот победник Данкан Лоренс се венча со партнерот – триумфираше годината кога настапи Тамара Тодевска (фото)
- Детали
- понеделник, 21 август 2023
Холандскиот музичар Данкан Лоренс, кој победи на Евровизија во 2019-та, годината кога настапи Тамара Тодевска, се венча со својот партнер Џејсон, две години откако се свршија, па сподели фотки од интимната церемонија што се одржа во Шведска.
Данкан Лоренс, победникот на Евровизија од 2019 година, вчера (20 август) се венча со својот партнер, Џордан де Мур.
Венчавката се одржа во замокот Häringe во Шведска пред околу 50 гости.
https://www.instagram.com/p/CwMuSaqseDf/
Фотки од свадбата споделија двајцата партнери на Инстаграм, а Данкан напиша:
„Господин и господин Де Мур“.
Холандскиот музичар откри детали од венчавката со Џордан – од брачните завети, сечењето на свадбената торта до замокот, декорациите, но и костумите.
Двајцата партнери за венчавката избраа црни костуми со црни кошули.
Данкан и Џејсон се свршија во октомври 2020 година, а врската ја почнаа на почетокот на истата година.
Музичарот се стекна со европска слава во 2019 година, кога победи на Евровизија со песната „Arcade“.
Оваа песна неодамна достигна 1 милијарда стримувања на Spotify и стана прва евровизиска песна со толкав успех.
За потсетување, таа година Македонија на Евросонг ја преставуваше Тамара Тодевска со песната „Proud“.
Погледнете го настапот на Данкан Лоренс на Евровизија:
А. Ј. | Црнобело