Ја загуби невиноста на 12 години, на 14 години имала секс со пријател на татко ѝ: Пејачката Лили Ален за траумите од детството
- Детали
- недела, 20 август 2023
„Татко ми го претвори мојот секс со негов млад пријател во шега. Прво им кажа на своите пријатели, па заедно си правеа сценарија како да го уценуваат момчето. Не се чувствував добро поради тоа“, вели пејачката Лили Ален, која призна дека сексот на 14 години ѝ оставил траума, но и првиот секс на само 12 години.
Британската музичарка Лили Ален, која се прослави со песните „Smile“ и „Not Fair“, откри дека ја изгубила невиноста на само 12 години, додека била на одмор во Бразил, а нејзиниот татко, актерот Кит Ален, помислил дека таа исчезнала, па повикал полиција.
38-годишната пејачка во подкастот на Алан Кар, „Life's A Beach“, раскажала за својот прв сексуален однос, но и паниката што ја предизвикала кај татко ѝ.
„Ја изгубив невиноста со еден Фернандо, додека бев на одмор во Бразил. Имав околу 12 години, не се шегувам. Никогаш повеќе не разговарав со него.
Татко ми и брат ми Алфи мислеа дека всушност исчезнав. А јас отидов во неговата хотелска соба и не се вратив во мојата соба, туку останав да спијам кај Фернандо до наредниот ден“, рече пејачката.
Таа раскажала дека кога се разбудила целиот хотел бил полн со полиција.
„Тие буквално ја чешлаа целата плажа и ги слушав како прашуваа во што бев облечена кога исчезнав.
Немав срце да им кажам „Не, само ја изгубив невиноста“. Но, сето тоа ми беше малку трауматично, па потоа немав секс некое време“, вели Лили.
Според законот, секс со дете под 12 години се смета за силување. Тоа значи дека децата на таа возраст никогаш не можат да се согласат на секс и затоа се смета за кривично дело.
Таа не откри колку години имал Фернандо во тоа време, но призна дека денес сфаќа што направила.
Таа раскажала и дека дополнителна траума ѝ била кога на 14 години имала секс со пријател на нејзиниот татко, многу познато момче во Британија, кое тогаш имало 19 години.
„Што да ти кажам, имав само 14 години“, вели пејачката, чиј помал брат Алфи Ален се прослави со улогата на Теон Грејџој во серијата „Game of Thrones“.
Ален претходно детално ја опиша оваа случка во својата автобиографија „My Thoughts Exactly“, каде што напиша дека нејзиниот татко „целата ситуација ја претворил во шега со пријателите“.
Во биографијата таа пишува дека татко ѝ ја испратил во хотел за да му ја врати фудбалската опрема на славниот пријател (чие име не го открива) откако тој настапил на хуманитарен натпревар.
Лили и дечкото се сретнале во хотелскиот бар, тој ја почестил со пијачка, а потоа ја одвел во неговата соба и имал секс со неа.
Таа била премногу исплашена за да му признае на татко ѝ што се случило, бидејќи дечкото со кого имала секс бил негов пријател, но вели дека кога тој дознал, ја игнорирал целата ситуација.
„Татко ми го претвори тоа во шега. Прво им кажа на своите пријатели, па заедно си правеа сценарија како да го уценуваат момчето.
Само знам дека татко ми го претвори мојот секс со момче во кое едвај го познавав во шега меѓу него и неговите пријатели. Не се чувствував добро поради тоа“, признала пејачката.
Таа никогаш не криела дека имала бурна врска со нејзиниот татко, од кого на крајот се отуѓила.
Лили денес сега е среќно мажена за актерот Дејвид Харбур, ѕвезда на серијата „Stranger Things“.
Парот се венча во Лас Вегас во 2020 година, а со нив беа и беа нејзините две ќерки Етел (11) и Марни (10), кои ги има со поранешниот сопруг Сем Купер.
Ален беше во брак со Купер од 2011 до 2018 година.
А. Ј. | Црнобело