Само мајка му го вика така - Зошто Дрејк го крие своето вистинско име од јавноста?
- Детали
- сабота, 12 август 2023
„Имаш име на девојче, затоа го криеш од јавноста!“ Дрејк доби ваков коментар затоа што нe сака јавноста да знае дека неговото вистинско име е Обри, кое во англискиот јазик се среќава и како машко и како женско име. Пејачот откри дека постои сосема поинаква филозофија за неговиот избор за сценско име.
Денес ретко кој не слушнал за музичарот Дрејк, ама малкумина знаат дека тој го крие своето вистинско име, а како што вели има и оправдана причина за тоа.
Дрејк е роден како Обри Дрејк Греам во Торонто, а неговиот татко Денис Греам исто така бил музичар, и бил тапанар кој во еден период свирел и со познатиот кантри музичар Џери Ли Луис.
Мајка му Сандра „Сенди“ Греам била наставничка по англиски и цвеќарка.
Татко му, Денис, воопшто не бил присутен во животот на Дрејк кога тој бил дете, па музичарот вели дека му е благодарен затоа што го научил како да не се однесува со жените.
„Ме научи што не треба да правам. Како ниту една жена не сака да се чувствува. Бев присутен кога мајка ми беше вознемирена заради работите што ги правеше татко ми.
Во еден миг кога стана свесен што прави, татко ми ми рече дека треба да се однесувам со жените подобро“ – изјави во една пригода Дрејк.
Тој истакна дека мајка му била тука за него и го поддржувала да ги оствари сопствените сништа.
Дрејк неодамна гостуваше во еден поткаст и откри зошто како уметничко име одлучил да го користи средното име, а не своето вистинско име.
Водителката на поткастот Боби Алтоф почна да се шегува со него и му рече дека Обри е женско име и дека е толку лошо што пејачот одлучил да го сокрие, на што Дрејк одговори дека мајка му му го дала името според некој адвокат.
„Не, тоа не е вистина... Го користам името Дрејк затоа што е пократко.
Знаете луѓето што имаат имиња со два слога (Об-ри) се помалку успешни од оние што имаат едносложни имиња (Дрејк)?“ – одговори музичарот.
Тој исто така откри дека токму татко му му го избрал средното име.
„Не ми се јасни причините зошто го избрал токму тоа име, тој е чуден карактер па од него може сѐ да се очекува. Но, мене повеќе ми се допаѓаше тоа име и тоа го прифатив.
Во мојот секојдневен живот јас сум Дрејк, а Обри е некоја одвоена, формална личност“ – откри тој.
За крај рече дека кога некој ќе му се обрати со неговото вистинско име, се чувствува како некој да го кара, а освен мајка му, никој друг не го вика Обри.
Drake doesn like to be called by his REAL name#Trending #funnymarco #drake #ElonMusk #akademics #XTwitter #comedy #movies #brandonjenings. #worldstar #shaderoom #theovon #davechappelle #kevinhart #nashville #Kentucky #BobbiAlthoff #NewYorkCity #LeBronJames #kaicenat pic.twitter.com/sH8ev8KVNg
— Brandon Jenings (@Thebirdeyeview7) July 30, 2023
Б. С. Б. | Црнобело