Џанлука Ваки го прослави 56-иот роденден - саканата го изненади со торта со свеќички, ќеркичката му носи подарок
- Детали
- понеделник, 07 август 2023
„Го славиме твојот живот, денес и засекогаш“, вели Шерон Фонсека (28), која му приреди интимна роденденска прослава на својот сакан Џанлука Ваки и парот уште еднаш покажа како ужива во љубовта и хармонијата.
Италијанскиот бизнисмен и милионер, Џанлука Ваки, наполни 56 години. Роденденот го прослави со саканата Шерон Фонсека, која објави неколку фотки и видеа од забавата.
„Го славиме твојот живот, денес и засекогаш“, напиша таа во пораката на Инстаграм.
Шерон додаде дека видеото на кое нивната ќерка го бара низ домот за да му даде роденденски подарок ѝ го стопило срцето.
Бизнисменот, кој стана светски познат по лудите забави, своето интересно танцување и фит изглед, за роденденот повторно воодушеви со стилот.
Тој носеше црна кошула во комбинација со зелени панталони, додека ги дуваше свеќичките на тортата и се бакнуваше со саканата.
Шерон не откри што му купила за роденденот. Тој претходно, за нејзиниот 28-ми роденден ја изненади со автомобил и ѝ подготви спектакуларно роденденско изненадување.