Бил насилен, предизвикал сообраќајка: Сите скандали што „кружеа“ за Ангус Клауд пред да почине на возраст од 25 години
- Детали
- недела, 06 август 2023
„Ми јавија дека има проблеми со дишењето, кога стигнав во неговата соба сфатив дека се предозирал“ – поранешниот агент на актерот Ангус Клауд кој почина на 25-годишна возраст тврди дека неговата состојба постепено се влошувала во последните две години. Актерот две години не се откажувал од опојните супстанции, а по смртта на татко му состојбата ескалирала.
Ѕвездата на хит-серијата Euphoria, Ангус Клауд почина на 25-годишна возраст во вторникот (01.08), една недела откако го погреба својот татко, а во официјалното соопштение од неговото семејство стои дека не можел да се справи со загубата.
Додека првичните информации во американските таблоиди се дека актерот најверојатно се предозирал со опојни супстанции, дел од медиумите се навраќаат на неговото бурно минато и тврдат дека актерот со години наназад се борел со зависностите.
Во февруари 2022-ра година Диоми Кордеро беше менаџер на Ангус, а откако тие двајца ја прекинаа соработката, тој излезе во јавност и зборуваше за тоа дека Агнус со години наназад има проблеми со користењето опојни супстанции.
Кордеро во април годинава објави повеќе причини зошто ја прекинува соработката со Ангус на Твитер.
Како што рече, тој и Ангус се запознале во клиника за рехабилитација во 2021-ва година додека работел како техничар. Во јули 2021-ва година Кордеро бил на забава во домот на Ангус, по што тие двајца почнале да соработуваат.
Според тврдењата на Кордеро, Ангус одреден период додека работел на ТВ серијата Euphoria бил чист, но во ноември 2021-ва година повторно им се вратил на пороците, а неговата состојба почнала да се влошува со текот на времето.
Во јануари 2022-ра година, Кордеро бил повикан во домот на Ангус, откако актерот имал проблеми со дишењето, а всушност се предозирал со опојни супстанции.
„Откако му дадов инјекција и вештачко дишење, тој се освести и почна да повраќа врз мене“ – раскажа Кордеро.