„Јас воопшто не сум како него“ – Зошто Марго Роби е во лоши односи со татко ѝ?
Според шпекулациите, Марго немала никаков контакт со нејзиниот татко со години, исто како нејзиниот брат Камерон и сестра ѝ Анја, а единствен што сѐ уште разговара со него е најстариот брат Лаклан.
Во една пригода тој објави заедничка фотка со татко му до која напиша:
„Среќен Ден на татковците за овој старец. Можеби немавме вистинско семејство, но ни пружа образование и помош кога ни беше потребна.“
Чичко ѝ Вејн Роби, тврди дека Марго и Даг се во одлични односи, а семејството не сака да разговара со медиумите.
„Секако дека брат ми е во контакт со Марго. Тој се гордее со неа“ – рече Вејн за Daily Mail.
Сепак, останува нејасно зошто Марго и нејзините браќа и сестри морале да поминат долг период на сиромаштија, ако се знае дека татко ѝ според некои податоци има богатство од 100 милиони долари.
Ианку, Марго неодамна зборуваше за односот со мајка ѝ, и уште еднаш рече дека ѝ е благодарна за тоа што ѝ помогнала да си го оствари сонот. Убавата Австралијка вели дека мајка ѝ земала кредит за да може да ѝ помогне да стане актерка, но затоа кога таа го добила првиот голем хонорар веднаш исплатила сѐ.
„Го запишував секој долг кон мајка ми. Таа земаше пари и ја ставаше куќата под хипотека за да ми позајми. Јас секогаш знаев дека морам да ѝ ги вратам парите.
Сѐ уште го чувам тоа парче хартија. Но, кога заработив доволно пари, ја исплатив во целост хипотеката. Тоа би го направил секој што ќе се најде во мојата позиција“ – рече Марго.
Инаку, јасно е дека Марго има строга политика за тоа да се грижи за загрозените луѓе. На пример, Рајан Гослинг откри дека таа на снимањето на Barbie вовела правило според кое секој на сетот требало да носи по нешто розово на снимањето, а ако не носел плаќал казна.
Парите што ќе ги соберела од казните Марго ги донирала во хуманитарни цели.
Б. С. Б. | Црнобело