Сандра Булок блеска на 59 години, и покрај траумите - Бившиот ја изневери со 20 жени, демнач ѝ влезе во домот
Актерката скоро една деценија подоцна најде љубов со моделот и фотограф Брајан Рандал.
Таа го запозна нејзиниот сегашен партнер во 2015 година, кога пријател ѝ предложил да го ангажира како фотограф за роденденската прослава на нејзиниот син Луис.
Актерката и фотографот брзо се зближиле, а и нејзините деца го засакале.
Покрај љубовните бродоломи, Сандра доживеала уште една голема траума во животот – се соочила со демнач кој влегол во нејзиниот дом.
Во 2014 година актерката ја прогонувал Џошуа Џејмс Корбет, кој успеал да влезе во семејна куќа на актерката.
Сандра се јавила во полиција, а аудиоснимката на која исплашено бара помош за кратко време се појави на интернет.
Полицијата го уапси натрапникот, а Булок подоцна изјави дека е благодарна што нејзиниот син Луис не бил дома во тоа време.
„Тоа беше единствената ноќ кога Луис не беше со мене. Неговата дадилка рече: ‘Дозволете ми да го однесам во мојот стан’, кој е спроти мене.
Го пуштив да оди со неа. Да не се случеше сè така како што се случи, таа вечер засекогаш ќе ни ги смееше животите“, изјави подоцна Сандра.
Траумата долго време не проаѓала.
„Беше ужасно чудно. Ќе дојдев дома, ќе излезев од автомобилот, ќе погледнев лево и ќе почнав да плачам. Но, морав да се извлечам од лошото чувство поради мојот син“, додава таа.
Покрај 12-годишниот син Луис, актерката има и 10-годишна ќерка, Лајла. Двете нејзини деца се посвоени.
Процедурата за да го посвои Луис ја почна во 2006 година, а успеа да го донесе дома дури во 2010. Лејла ја посвои во 2015 година.
Булок не крие колку е среќна со нив, а вели и дека е многу горда на ќерката, за која во една пригода кажа дека еден ден ќе стане претседател на Америка.