Сандра Булок блеска на 59 години, и покрај траумите - Бившиот ја изневери со 20 жени, демнач ѝ влезе во домот
- Детали
- недела, 30 јули 2023
Скоро 30 години Сандра Булок е миленичка на Холивуд. Во јавноста е секогаш насмеана и позитивна, но зад затворените врати на својот дом признава дека често плачела над својата тажна судбина - пропаднатиот брак, јавното понижување, мажот кој ја демнел и сакал да ја повреди...
Оскаровката Сандра Булок на 27 јули 2023 наполни 59 години. Иако е длабоко влезена во шестата деценија, никој не би ѝ дал толку години – таа е во топ форма и секогаш изгледа одлично, дури и кога без шминката ќе излезе од салата за вежбање или до продавница да испазари нешто.
Булок не е типична холивудска актерка. Приземна е, посветена е на децата кои ги посвои и признава дека повеќе сака да седи дома, отколку да се појавува на гламурозни настани и забави.
Поради својата природност и одличната смисла за хумор, таа скоро 3 децении е на врвот на светската филмска сцена.
Се прослави во 1994 година, кога ја доби улогата во филмот Speed со Киану Ривс.
Но, минатата година таа објави дека ќе паузира од актерството за да се посвети на воспитувањето на своите деца, кои секогаш се трудеше да го сокрие од јавноста.
„Ќе одвојам малку време за да бидам само мајка. Ќе се вратам на актерството. Не знам кога. Веројатно кога ќе бидат тинејџери и ќе имаат 16, 17 години“, изјави Сандра во март 2022.
Животот на омилената холивудска актерка го одбележаа бројни трауми.
Меѓу нив е и јавното понижување кое ѝ го приреди поранешниот сопруг Џеси Џејмс.
Нивниот брак е познат како еден од најлошите во Холивуд, откако тој призна дека ја изневерил со повеќе од 20 жени од почетокот на нивната врска.
Булок се омажи за Џејмс во 2005 година.
Парот се го запозна на снимањето на еден од нејзините филмови и иако подоцна призна дека прво сакала да го спои со нејзиното кумашинче, на крајот таа се вљубила во него.
Кон крајот на 2009 година, Сандра и Џејмс почнаа заедничка битка за старателство над неговата ќерка, која тој ја доби со поранешната сопруга, и победија на суд.
Но, веќе на почетокот на 2010 година се појавија првите поголеми проблеми, кога неколку жени јавно кажаа дека спиеле со Џеси.
Актерката ја откажа европската турнеја на нејзиниот филм The Blind Side, а Џејмс го призна неверството и ѝ се извини.
„Никогаш не бегав од ништо што сум направил. Ја преземам целосната одговорност. Ја изневерував сопругата. Па што? Тоа го направија милиони други мажи“, изјави тој и го навлече гневот на јавноста.
Булок за пропаднатиот брак проговори неколку години подоцна.
„Мојот живот отиде во правец кој не беше многу пријатен. Но, мислам дека тоа се случи за подлабоко да го разберам значењето на семејството“, рече тогаш Сандра.