„Им даваш лош пример на жените“ – писмото на Шинед О’Конор до Мајли Сајрус + Која е причината за смртта на пејачката?
„Драга Мајли,
Не сакав да го напишам ова писмо, но денес цел ден избегнувам телефонски повици од различни весници кои бараа да дадам коментар за твојата изјава во Rolling Stone дека спотот за Wrecking Ball бил направен за да наликува на Nothing Compares…
Па, еве што имам да ти кажам, како мајка и како личност што те сака.
Навистина сум загрижена затоа што тие околу тебе те навеле да веруваш, или те поддржале во намерата дека е ‘кул’ да бидеш гола и да лижеш чекани во твоите видео спотови.
Тоа ќе го помрачи твојот талент и на тој начин ќе дозволиш да те проституираат, без разлика дали музичката индустрија или ти сама ја вршиш проституцијата.
Ништо освен лошо не може да се случи во иднина, ако си дозволиш да бидеш искористена, на никој начин тоа не е самоохрабрување или охрабрување на другите жени, ако ти ја испраќаш пораката дека треба да бидеш ценета (па и самата ако се оценуваш) многу повеќе заради сопствениот сексапил, отколку заради талентот што го поседуваш.
Среќна сум што слушам дека на некој начин сум ти идол и се надевам дека заради тоа ќе обрнеш внимание на тоа што ти го зборувам.
На музичката индустрија не ѝ е гајле за тебе, или за кој било од нас. Тие ќе те проституираат сѐ додека им носиш пари и ќе те убедуваат дека тоа ти го сакаш и кога ќе завршиш на рехабилитација како резултат на тоа што те проституирале, тие ќе се сончаат на нивните јахти во Антигва, што ги купиле затоа што го продавале твоето тело, а ти ќе бидеш сама.
Ниту на мажите што те гледаат не им е гајле за тебе, немој да се залажуваш. Голем број жени сметале дека желбата за секс е љубов. Ако сакаат да имаат секс со тебе, тоа не значи дека им е гајле за тебе. Што е уште поверојатно да се случи кога непромислено им даваш до знаење дека не ти е гајле за себе.
И кога вработуваш луѓе што даваат впечаток дека воопшто не им е гајле за тебе. Ниту еден што се грижи за тебе нема да ти даде поддршка да се проституираш и ти не треба да го дозволиш тоа.
Да, велам дека не се грижиш за себе и тоа треба да се промени. Ти треба да бидеш заштитена како прекрасна млада дама од страна на сите што ти се вработени и од сите околу тебе, па и од сама себе.
Ова е опасен свет. Не ги охрабруваме нашите ќерки да се шетаат голи затоа што тоа ги прави жртви на животните и на оние што се подолу од животни, од кои голем дел работат во музичката индустрија и медиумите што се блиски до неа.
Имаш доволно талент, па не треба да дозволиш музичката индустрија да направи проститутка од тебе.
Без разлика дали ти се допаѓа или не, ние жените во индустријата сме идоли и како такви треба да бидеме многу внимателни какви пораки им упатуваме на другите жени.
Жените треба да бидат ценети и за сѐ друго, а не само за сексуалноста. Ние не сме само објекти за страст. Те охрабрувам да ѝ испратиш поздрава порака на твојата генерација... Дека и тие, но и ти вредиш повеќе од она што се случува во твојата кариера. Те молам отпушти го идиотот што не укажал на грешките, затоа што не му е грижа за тебе“ – порача таа.
Мајли на ова одговори така што ги сподели твитовите на Шинед во кои таа бара препораки за добар психијатар во Ирска. Притоа, ја спореди со Аманда Бајнс која изминативе неколку години води своја битка со зависност и проблеми со менталното здравје.
Б. С. Б. | Црнобело