Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот на Шинед О’Конор
Во 2013-та година, Шинед рече дека 10 години била лекувана со погрешна дијагноза и дека наместо да ја лекуваат од биполарно растројство, тие требало да ѝ помогнат да се справи со посттрауматскиот стрес кој бил последица на малтретирањето што го преживеала како дете.
Во 2015-та година, пејачката отворено призна дека се предозирала со лекови откако имала бурна расправија за старателството над нејзините синови Шејн и Јешуа со нивните татковци.
Подоцна откри дека овој период проблемите со менталното здравје биле предизвикани од хистероктомијата што ѝ била направена за да ѝ помогне да се справи со ендометриозата.
Иако со години се декларираше како католик, во 2018-та година таа го прифати исламот како своја религија и го промени името.
Иако во наредните години таа отворено говореше за својата борба со посттрауматскиот стрес и за терапиите, 2022-ра година ќе биде годината кога таа ја доживеа најголемата трагедија - нејзиниот 17-годишен син Шејн изврши самоубиство.
Една недела подоцна пејачката беше однесена во болница откако објави твит во кој рече дека има намера да го следи нејзиното дете.
„Животот без него нема смисла. Сѐ што ќе допрам уништувам. Останував само заради него и сега него го нема. Го уништив сопственото семејство. Моите деца не ме сакаат“ – напиша таа.
Во наредниот твит таа им се извини на сите што ги вознемирила, па напиша:
„Жалам што ве вознемирив. Изгубена сум без моето дете и се мразам себеси. Болницата ќе ми помогне накратко. Но, ќе го најдам син ми Шејн. Ова е само одложување.“
Во слична насока е и последното видео што Шинед го објави кратко пред нејзината смрт во кое зборува за болката по загубата на синот.
„Изгледам многу лошо секој ден, па не сакав да снимам видео. Но, знаете, кога вашето дете одеднаш ќе го снема, тоа не е добро ниту за телото, ниту за душата“.
Б. С. Б. | Црнобело