Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот на Шинед О’Конор

Во 2002-ра година Шинед застана пред олтар по вторпат, овојпат со новинарот Ник Сомерлад кој беше 7 години помлад од неа. Но, бракот траеше само 3 години и парот се разведе во 2004-та година.

prvpat-posegnala-po-zhivotot-koga-i-ja-odzele-kjerkata-smrtta-na-sinot-ja-dotolchi-tazhniot-zhivot-na-shined-o-konor-11.jpg

Во 2004-та година, таа го доби синот Шејн со Донал Лани, а во 2006-та синот Јешуа Френсис Нил Бонадио со Френк Бонадио.

prvpat-posegnala-po-zhivotot-koga-i-ja-odzele-kjerkata-smrtta-na-sinot-ja-dotolchi-tazhniot-zhivot-na-shined-o-konor-19.jpg

Шинед отворено зборуваше за проблемите со своето ментално здравје, па во 2007-ма година откри дека 4 години пред тоа ѝ било дијагностицирано биполарно растројство.

Пејачката изјави дека дното за првпат го допрела во 1999-та година на нејзиниот роденден кога се обидела да си го одземе животот.

Како што откри, тешката битка за старателство над ќерката Розин ја натрела за првпат да посегне по својот живот.

„На мојот 33-ти роденден имавме тешко судење и беше даден предлог да ја гледам ќерка ми само еднаш месечно. Тоа беше сериозен обид за самоубиство и за малку ќе умрев“ – откри таа и додаде дека таа вечер проголтала 20 таблети валиум.

prvpat-posegnala-po-zhivotot-koga-i-ja-odzele-kjerkata-smrtta-na-sinot-ja-dotolchi-tazhniot-zhivot-na-shined-o-konor-18.jpg

Откако преживеа, се посвети на децата и религијата, истата година стана свештеник и го зеде името Мајка Бернадет Мери. Доби и признаница за нејзината работа со бездомните луѓе во Даблин.

Според нејзините изјави, биполарното растројство настапило како последица на хроничната болка со која живеела со години и заради насилството што го претрпела во животот.

prvpat-posegnala-po-zhivotot-koga-i-ja-odzele-kjerkata-smrtta-na-sinot-ja-dotolchi-tazhniot-zhivot-na-shined-o-konor-23.jpg

Во 2010-та пејачката по третпат се омажи, овојпат за гитаристот во нејзиниот бенд Стив Куни.

Но, бракот траеше многу кратко - до 2011-та година, кога таа застана пред олтар по четвртпат со ирскиот психолог Бери Хериџ.

prvpat-posegnala-po-zhivotot-koga-i-ja-odzele-kjerkata-smrtta-na-sinot-ja-dotolchi-tazhniot-zhivot-na-shined-o-konor-13.jpg

По четвртиот развод, таа изјави дека е хомосексуалка која се трудела да биде нормална и да покаже дека е хетеросексуална.

„Секако дека нема ништо нормално во тоа да се мажиш за луѓе што едвај ги познаваш. За среќа тие сите беа фини луѓе. Фала богу“ – рече таа.

prvpat-posegnala-po-zhivotot-koga-i-ja-odzele-kjerkata-smrtta-na-sinot-ja-dotolchi-tazhniot-zhivot-na-shined-o-konor-08.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg