Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот на Шинед О’Конор
- Детали
- четврток, 27 јули 2023
За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-та година. Со години се бореше со проблеми со ментално здравје, а во последната година од животот не можеше да се помири со трагичната смрт на синот – животната приказна на Шинед О’Конор.
Музичката легенда Шинед О’Конор почина вчера (26.07) на возраст од 56 години, една година откако нејзиниот син Шејн изврши самоубиство.
Нејзиното семејство ги сподели информациите за нејзината смрт, но не се соопштува причината.
Пејачката со години се бореше со проблемите со менталното здравје. Зад себе имаше 4 брака и 3 сериозни врски од кои доби деца, а отворено зборуваше за своите обиди за самоубиство, па по смртта на синот минатата година беше задржана во болница заради суицидни мисли.
Факти за животот на пејачката, што најверојатно не сте ги знаеле:
Шинед О’Конор е родена во Гленагери, во близина на Даблин, на 8-ми декември 1966-та година, како трето од петте деца на Шон и Мери О’Конор.
На нејзиното безгрижно детство му дошол крајот кога пејачката имала осум години, затоа што нејзините родители имале тежок развод, а пејачката подоцна се преселила да живее со татко ѝ и со неговата нова сопруга, затоа што животот со мајка ѝ бил „кошмар“.
Таа тврдеше и дека била жртва на физичко и сексуално насилство.
Како тинејџерка, Шинед била фатена како краде од продавница. Ова криминално однесување, заедно со нејзиното постојано бегање од часови, придонело пејачката да биде пренесена во институцијата за бунтовни девојки Magdalene аsylum.
Во оваа институција таа престојувала 18 месеци – велеше дека таму искусила „страшно чувство на постојана паника, страв и агонија“.
На 19-годишна возраст Шинед ја загубила мајката.
Мери починала во автомобилска несреќа, а Шинед во многу наврати потоа јавно зборуваше за екстремното насилство што го претрпела од неа. Но, велеше дека морала да научи да ѝ прости за да може да се справи со проблемите со своето ментално здравје.
Пејачката имаше 4 брака зад себе, но и уште 3 сериозни врски од кои доби деца.
Во 2014-та година откри дека посакува никогаш да не се мажела, затоа што изгледала смешно во венчаници и јасно е дека не е добра сопруга.
Освен тоа, таа рече дека низ годините била и во 3 сериозни врски со жени.
Во 1987-ма година, Шинед стапи во брак со музичкиот продуцент Џон Рејнолдс, со кого го доби синот Џејк.
Тие беа во брак 4 години и се разведоа во 1991-ва година. Но, иако се разведоа, нивната соработка продолжи. Тој беше продуцент на уште 5 нејзини албуми, па дури и свиреше тапани на нејзината турнеја во 2013-та година.