Талија од серијата „Росалинда“ и на 51 година изгледа совршено – Омажена е за 24 години повозрасен маж, има 2 деца
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
Омажена е за 24 години постар маж со кого има две деца. Талија, која е позната по улогата во хит серијата „Росалинда“, денес има 51 година, но тоа не ја спречува да позира во смело бикини или да се фотографира во розово, „Барби“ издание.
Мексиканската пејачка и актерка Талија, која на македонската публика ѝ стана најпозната по улогата во хит серијата „Росалинда“, денес има 51 години, а иако е веќе во шестата деценија од животот, таа мами воздишки со својот изглед.
Таа на Инстаграм редовно објавува видеа и фотографии од себе, а по големиот број светски личности кои се фотографираа во „Барби“ издание, истото го направи и таа.
Талија се фотографираше во розови бикини декорирани со циркони.
Таа ја покажа тенката половина на којшто можат да ѝ завидат и голем број помлади девојки.
Освен видеото таа објави и две фотографии на кои позира во када во розово издание, до кои напиша:
„Здраво Барби“.
Додека голем број нејзини следбеници коментираа дека Талија изгледа совршено, други коментираат дека не ѝ доликува на жена на нејзини години да се фотографира во такво издание.
Инаку Талија е во брак со 75-годишниот Томи Мотола, американски музички продуцент и прв сопруг на познатата пејачка Мараја Кери.
Тие двајца се во брак од 2000-та година и заедно добија две деца.
Неодамна дел од медиумите пишуваа дека парот најверојатно ќе се разведува заради аферите на Томи, но Талија неодамна објави видео на Инстаграм, со кое покажа дека парот ужива во заедничкиот живот.
Таа по повод роденденот на Томи објави видео на кое му седи во скут на сопругот, а до објавата напиша:
„Среќен роденден на мојот убав сопруг. Ти заслужуваш сѐ најдобро, целата среќа и љубов на овој свет. Биди благословен.
Ти си вистинска инспирација, прекрасен татко, неверојатен партнер и неспоредлив гениј. Нека и оваа година биде исполнета со здравје, насмевки, прегратки и љубов. Те сакам, љубов моја“.