Со мајка му живееле од социјална помош во камп-приколка – Зошто Бијонсе не сака да контактира со својот 13-годишен полубрат?
Моментално Александра и Никсон живеат во стан во Лос Анџелес, но до пред некоја година имаа сериозни финансиски проблеми.
Во 2009 година, мајката на Бијонсе, Тина, поднесе барање за развод откако дозна за аферата на сопругот Метју и Александра.
Откако остана бремена, Александра побара ДНК тест, со што се потврди дека Метју е таткото на синот Никсон.
Според некои гласини, Бијонсе го заладила односот со татко ѝ токму поради аферата. Но, овие шпекулации не се потврдени.
Метју ѝ плаќаше алиментација на Александра, но во 2014-та престана бидејќи, наводно, драстично му се намалиле приходите.
Поради судската битка за алиментација, Александра банкротира. Кога, пак, Метју престана да плаќа алиментација, со синот Никсон беа избркани од домот и побараа помош во засолниште за бездомници.
Папарацо фотки од Александра и Никсон од 2014-та, кога биле избркани од нивниот дом
Оттаму ѝ помогнале да се всели во камп-приколка, а извесен период со Никсон живееле од социјална помош.
Потоа добиле помош од пријателка на Александра, која ги примила во нивниот дом.
Александра вели дека добивала и смртни закани од фановите на Бијонсе, па тој период морала да го крие нејзиниот идентитет.
Дури во 2017-та, финансиската состојба на Александра почнала да се подобрува, па можела да изнајми стан за неа и синот.
Бијонсе се нема огласено во врска со нејзиниот полубрат.
Спирова С. | Црнобело