Со мајка му живееле од социјална помош во камп-приколка – Зошто Бијонсе не сака да контактира со својот 13-годишен полубрат?

Таткото на Бијонсе имаше афера од која го доби синот – Никсон. Денес, детето има 13 години, а мајка му вели дека никогаш не ја видело Бијонсе, па сега почнало да ја прашува зошто таа не го сака. Извесен период, Никсон и мајка му живееја во камп-приколка, но сега се во подобра финансиска состојба, но Бијонсе одбива контакт со него.

so-majka-mu-zhiveele-od-socijalna-pomosh-vo-kamp-prikolka-zoshto-bijonse-ne-saka-da-go-vidi-nejziniot-13-godishen-polubrat-01.jpg

Бијонсе има две сестри – Соланж Ноулс и Бјанка Лосон.

Иако не можат да се пофалат со нејзиниот успех, и тие се активни во забавната индустрија. Соланж Ноулс е пејачка како Бијонсе, додека Бјанка е актерка.

Но, знаевте ли дека 41-годишната пејачка има и полубрат?

13-годишниот Никсон и Бијонсе имаат заеднички татко – Метју Ноулс – додека мајката на момчето е причината за разводот на родителите на пејачката.

so-majka-mu-zhiveele-od-socijalna-pomosh-vo-kamp-prikolka-zoshto-bijonse-ne-saka-da-go-vidi-nejziniot-13-godishen-polubrat-02.jpg

Метју Ноулс и мајката на Никсон, Александра Рајт, имале афера и таа останала бремена. Потоа, водеа битка за алиментација, а сега Александра тврди дека син ѝ ги нема запознато ни татко му, ни неговата сестра Бијонсе.

Наводно, сега Никсон почнал да се прашува зошто Бијонсе не сака да биде дел од неговиот живот.

„Ме прашува ’Зошто не ме сака?‘. Никсон никогаш немал нормално детство. Тој го губи својот идентитет бидејќи е во роднинска врска со многу позната личност.

Некогаш седам во бањата и плачам бидејќи не знам како да му помогнам да стане своја личност“, открива мајка му за The Sun.

so-majka-mu-zhiveele-od-socijalna-pomosh-vo-kamp-prikolka-zoshto-bijonse-ne-saka-da-go-vidi-nejziniot-13-godishen-polubrat-03.jpg

Според Александра, таа ѝ Никсон живеат на помалку од 20 километри од раскошниот дом на Бијонсе и Џеј Зи, но и покрај тоа, пејачката нема никаков контакт со нејзиниот полубрат.

„Сепак, верувам дека нашите деца и внуци ќе бидат подобри луѓе од нас. Имаат Снепчет и слично. Мислам дека ќе најдат начин да се отворат и да разговараат за ова.

Мислам дека Бијонсе е добра личност и никогаш не направила нешто за да ме повреди. Не сакам ништо од неа. Само сакам син ми да биде слободен и да има среќен живот“.

so-majka-mu-zhiveele-od-socijalna-pomosh-vo-kamp-prikolka-zoshto-bijonse-ne-saka-da-go-vidi-nejziniot-13-godishen-polubrat-08.jpg

Александра вели и дека се сомнева дека некогаш Бијонсе ќе сака да стапи контакт со 13-годишното момче, а додава и дека нему воопшто не му е лесно да го гледа раскошниот живот на сестра му.

На Александра ѝ било тешко да му објасни зошто таа работи по 16 часа дневно, а сепак нивниот живот не може ни да се спореди со оној на Бијонсе и Џеј Зи.

„Му кажувам дека славата не значи и среќа, за да не копнее по нешто туѓо“.

На училиште, Никсон честопати го прашувале за Бијонсе, а одвреме-навреме се случувало да го застанат и на улица за да се фотографираат со него.

so-majka-mu-zhiveele-od-socijalna-pomosh-vo-kamp-prikolka-zoshto-bijonse-ne-saka-da-go-vidi-nejziniot-13-godishen-polubrat-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg