Еден од најубавите мажи на светот е пример за посветен татко и сопруг (фото)
- Детали
- недела, 16 јули 2023
Канадскиот модел Ник Бејтмен е во брак 4 години, но жените не престануваат да му пишуваат, да му испраќаат фотографии и да го молат да се разведе да за се ожени со нив. А Ник, ужива во семејната идила со сопругата Марија Кориган, со која има две деца.
Ник Бејтмен (36) со години го носи епитетот на еден од најубавите мажи во светот. Висок, мускулест, со прекрасна насмевка и заводлив поглед, Ник е сон на многу жени.
Но, моделот и актер веќе 15 години е заљубен во Марија Кориген (37), со која има два сина - Чејс и Тео.
Љубовта на Ник и Марија почнала во 2008-ма, кога тој имал 21 година, а таа 22.
На прв состанок Ник ја однел Марија во Кралските ботанички градини покрај езерото Онтарио и оттогаш парот е неразделен.
Заедно од Канада се преселиле во САД, каде што Ник работел како модел и актер, а Марија како фитнес инструктор.
Таа денес е инфлуенсерка со 264.000 следбеници на Инстаграм.
Десет години подоцна, во 2018-та, Ник повторно ја одвел Марија на истото место каде што биле на прв состанок и ја побарал за сопруга.
Во тоа време таа веќе била бремена со нивниот прв син, Чејс.