Дејвид Бекам се проѕева и едвај седи буден на натпревар со мајка му (по прославата со Викторија за 24 години брак)
- Детали
- четврток, 06 јули 2023
Дејвид и Викторија Бекам ја прославија 24-тата годишнина од бракот во ресторан во Лондон, а следниот ден фудбалерот сонлив, едвај седеше буден на тениски натпревар со мајка му Сандра.
На 4-ти јули годинава, Дејвид и Викторија Бекам ја прославија 24-тата годишнина од бракот, а вечерта ја поминаа во луксузен ресторан во Лондон.
Веројатно прославата траела до доцна бидејќи следниот ден, поранешниот фудбалер беше на тениски натпревар на Вимблдон и едвај ги држеше очите отворени.
Парот ја прослави годишнината во друштво на нивните деца, а Викторија сподели неколку фотки од вечерта.
„Минатата ноќ во Лондон додека ја прославуваме 24-тата годишнина од бракот. Сите ве сакам многу“, стои во описот.
На прославата присуствуваше девојката на Ромео, но не и сопругата на Бруклин - Никола Пелц. За потсетување, по свадбата односот помеѓу Викторија и снаата Никола значително се влоши.
Следниот ден Дејвид беше на натпреварот со неговата мајка Сандра и постојано се проѕеваше и си ги триеше очите.
Фудбалерот изгледаше поспано и очигледно едвај седел буден.
По натпреварот, тој сподели фотка со познатиот тенисер Роџер Федерер.
За годишнината, пак, фудбалерот сподели стара фотка од него и Викторија, со опис:
„24 години и уште броиме. До најдобрата сопруга, мајка и партнер за пиење (во повеќето случаи), среќна годишнина, многу те сакам“.
Викторија сподели видео од свадбата, од моментот кога со Дејвид ја сечат тортата.
Спирова С. | Црнобело