Џејмс Франко, некогашниот љубовник на Амбер Херд, здебелен и непрепознатлив на одмор со девојката во Италија (фото)
- Детали
- среда, 05 јули 2023
На видеата објавени на судењето околу разводот на Амбер Херд и Џони Деп се виде дека Џејмс Франко е еден од љубовниците што Амбер ги пречекувала полугола по кавгите со Џони Деп. Студентки го обвинија за сексуално злоставување, по што призна дека е зависник од секс. Сега, 1 година по скандалите, Џејмс Франко е уловен од папараците видно изменет и непрепознатлив.
Минатата година Џејмс Франко (45) беше во фокусот на јавноста кога на судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп беа објавени видео снимки на кои се гледа дека тој бил редовен гостин во домот на холивудските ѕвезди по нивните бурни расправии, а таа го пречекувала полугола.
За Франко во последните неколку години се врзуваа низа скандали, како обвиненијата дека за сексуално злоупотребување студентки во неговата филмска школа, по што тој призна дека тоа го правел затоа што бил зависен од секс.
Франко мораше да плати спогодба „тешка“ 2 милиони и 235 илјади долари, а судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд зададе нов удар на неговата кариера.
По ова, холивудскиот актер се повлече од јавниот живот и во таблоидите ретко се појавуваат негови фотографии.
На папарацо фотките направени во Италија, на 4-ти јули, односно Денот на независноста во САД, Франко е видно изменет и здебелен, па дел од неговите обожавателки речиси и не го препознаваат.
Џејмс на плажа беше со неговата девојка Изабел Пакзад, со која е во врска подолго време и за која призна дека е единствената девојка што никогаш не ја изневерил.
Џејмс и Изабел уживаат на плажа. Се сончаат, се бањаат, играат табла и уживаат, а папараците го уловија речиси секој миг од нивниот ден на плажа.
Прочитајте и Бил зависник од секс, a доаѓал само за да ја теши - Што знаеме за наводната афера на Џејмс Франко и Амбер Херд?
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело