Си зборува со себе, се држи за ѕид за да не падне: Загрижувачко однесување на некогашната холивудска убавица Хедер Локлир
- Детали
- вторник, 04 јули 2023
Хедер Локлир, која важеше за една од најубавите холивудски актерки, ја загрижува јавноста со однесувањето. Актерката, која имаше сериозни проблеми со менталното здравје и зависности, си зборува сама со себе, оди држејќи се за ѕид за да не падне и прави чудни гримаси додека свршеникот ја чека во автомобилот.
Хедер Локлир ја загрижи јавноста со своето однесување во Малибу, Калифорнија и фановите се плашат дека можеби повторно има проблеми со менталното здравје.
61-годишната актерка која се прослави со култната серија Dynasty во минатото имаше сериозни проблеми и со зависности.
Актерката беше фотографирана минатата недела во неуредно издание – со разбушавена коса и влечки.
Според Daily Mail, пред да биде забележана, Хедер била на состанок кој траел околу еден час.
Откако излезе од зградата, актерката седна на скалите, читаше нешто од тетратка и си зборуваше со себе. Во еден миг е фотогафирана и како оди држејќи се за ѕид.
Потоа стана од скалите и тргна кон автомобилот на свршеникот кој ја чекаше на паркингот. Притоа правеше чудни гримаси.
Во 2019 година, магазинот People откри дека Хедер била на рехабилитација над 20 пати.
Во 2008 година, Хедер беше во ментална институција за анксиозност и депресија, а по четири седмици се врати дома.
Истата година актерката беше уапсена поради возење под дејство на алкохол, но наводно не била во алкохолизира состојба. Според изворите, лековите за депресија и анксиозност имале влијание врз нејзината способност за возење.
Во 2012-та, сестрата на актерката повикала брза помош откако Хедер измешала седативи и алкохол. За среќа, веднаш била пуштена од болница бидејќи била добра.
Во 2018 година актерката беше уапсена за семејно насилство и напад на полицаец.
Наводно, брат ѝ повикал полиција кога ја начекал како се расправа со нејзиниот тогашен дечко. Кога полицајците пристигнале, Хедер почнала да ги удира и им се заканила дека ќе ги застрела ако уште еднаш дојдат во нејзиниот дом.
Актерката беше приведена, но ослободена со кауција од 20.000 долари.
Неколку месеци подоцна, актерката беше уапсена уште еднаш, повторно за семејно насилство.
Кон крајот на 2018-та, Хедер беше ставена под медицински надзор бидејќи нејзиниот терапевт се сомневал дека е опасна и за себе, и за другите околу неа. Тогаш актерката доживеала и нервен слом.
Според некои извори, медицинските лица стравувале и дека се предозирала.
Во август 2019 година актерката доби наредба да помине 30 дена на рехабилитација во ментална установа. Требало да добие и 120-дневна казна затвор, но ја избегнала.
Спирова С. | Црнобело