Кој се фали, а кој се жали – Како славните одговараат на прашањата за големината на машкоста? (18+)
Томи Ли
Поранешниот сопруг на Памела Андерсон е познат по секс снимката што го обиколи светот во 90-тите, а пред неколку години и самиот објави фотографија од себе на која е целосно гол.
Оваа фотка предизвика огромен револт кај корисниците на социјалните мрежи, затоа што најголем број од жените се цензурирани ако им се гледа голотија, а Томи помина неказнето.
Според оние што ја погледнале неговата снимка, тапанарот може да се пофали со пенис со големина од над 20cm.
Хари Стајлс
Препознатлив по чудните аутфити, Хари Стајлс вели дека е горд на големината на својот полов орган и рече дека тој ја има „најголемата машкост на сите времиња“.
Истата информација беше потврдена и од неговиот поранешен колега Ед Ширан кој во една прилика беше прашан дали песната Little Things (мали работи) ја напишал за малите полови органи на членовите во неговиот бенд, на што Ед одговори:
„Хари дефинитивно нема нешто мало на себе, па не, песната не е за тоа!“
Енрике Иглесијас
Во 2014-та година Енрике даваше интервју за Cosmopolitan и го прашаа зошто постојано зборува за големината на неговиот полов орган, на што тој објасни:
„Девојка ми постојано ми вели: ‘Ако прочитам уште еден текст на интернет каде што пишуваат за твојот мал пенис...’ Но, се смее за тоа. Навистина е смешно. Инаку која е средната големина на пенис?“ – праша тој.
Откако му беше речено дека е околу 13cm тој одговори:
„Епа тогаш е со натпросечна големина. Се шегувам – сепак е со средна големина!“
Б. С. Б. | Црнобело