Ева Мендез призна дека со години го бричи лицето: „Многу сум влакнеста, ми растат влакна и само ако се наежам“

„Јас сум Кубанка и влакнеста сум. Татко ми е влакнест како мечка, а јас сум негова мини верзија“, вели актерката Ева Мендез и призна дека со години го бричи лицето, и тоа на секои два дена.

eva-mendez-prizna-deka-so-godini-go-brichi-liceto-vlaknesta-sum-mora-da-se-bricham-na-dva-dena-01.jpg

Актерката Ева Мендез (49) на Инстаграм објави неколку фотки и видео од нејзината рутина за убавина, па откри дека со години го бричи лицето на козметичар.

eva-mendez-prizna-deka-so-godini-go-brichi-liceto-vlaknesta-sum-mora-da-se-bricham-na-dva-dena-02_copy.jpg

„Го бричам лицето. Добив многу коментари по вчерашното видео од жени кои и самите го бричат лицето со години.

Океј, претпоставувам ‘дермапланирање’ е совршен збор за овој третман, но работите се такви какви што се и јас го сакам ова што го правам“, напиша актерката на Инстаграм.

eva-mendez-prizna-deka-so-godini-go-brichi-liceto-vlaknesta-sum-mora-da-se-bricham-na-dva-dena-03.jpg

Таа одговори и на неколку коментари од жени кои ѝ пишаа на видеото, па откри дека се бричи многу често.

„Јас сум како животно, па треба да се бричам на секои два дена. Влакненцата ми растат многу брзо, дури и ако се наежам.

Буквално ми се случува да ги бричам нозете и да се наежам додека сум под туш, и толку е, целата моја работа пропаѓа“, вели Мендез.

Актерката призна дека кожата ѝ е многу помека по бричењето и дека тогаш полесно ја нанесува шминката.

„Јас сум Кубанка и влакнеста сум. Татко ми е влакнест како мечка, а јас сум негова мини верзија“, вели Ева.

Мендез повеќе од 10 години е во брак со актерот Рајан Гослинг (42), со кого ги има ќерките Амада и Есмералда. Тие се запознаа во 2011 година на снимањето на филмот The Place Beyond the Pines.

eva-mendez-prizna-deka-so-godini-go-brichi-liceto-vlaknesta-sum-mora-da-se-bricham-na-dva-dena-05.jpg

Ева, која беше меѓу најубавите актерки во Холивуд, во една пригода изјави дека ја жртвуваше кариерата за да остане дома со ќерките и да се посвети на семејството.

Таа, по подолго време, неодамна се појави во јавноста на премиерата на филмот Barbie во кој Рајан го глуми ликот на Кен.

Прочитајте и Ева Мендез ја жртвуваше кариерата за да му се посвети на семејството – што знаеме за нeјзината врска со Рајан Гослинг?

eva-mendez-prizna-deka-so-godini-go-brichi-liceto-vlaknesta-sum-mora-da-se-bricham-na-dva-dena-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg