„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Britain's Got Talent
- Детали
- вторник, 06 јуни 2023
„Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидејќи во април имав мал мозочен удар. Се борев да се вратам на сцената и успеав во тоа“, рече Сузан по неодамнешниот настап на Britain's Got Talent - шоуто што ја направи светски позната.
Шкотската пејачка Сузан Бојл (62), која стана светска сензација кога се појави во шоуто Britain’s Got Talent, настапи во финалето на популарното шоу 14 години по своето прво појавување.
Сузан, која публиката ја запозна како скромната жена од Шкотска, овојпат изгледаше совршено.
Таа повторно ја испеа песната I Dreamed a Dream, истата што ја пееше на аудицијата во 2009 година, а која ѝ донесе богатство и светска слава.
Ова е прво појавување на Сузан во јавноста по долго време, па публиката беше воодушевена што ја гледа.
„Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидејќи во април имав мал мозочен удар. Се борев да се вратам на сцената и успеав во тоа“, рече Сузан по настапот.
На нејзиното пеење не остана рамнодушен ни Сајмон Кауел, кој иако е познат како голем критичар, имаше само пофалби за Бојл.
„Сузан, ти должиме толку многу. Знаев дека не си добра, но ако некој требаше да се врати на оваа сцена, тоа беше ти. Без тебе немаше да е исто“, рече членот на жирито.
Сузан се прослави во 2009 година, кога првпат беше прикажана епизодата со нејзината аудиција за шоуто. Видеото на Јутјуб за 72 часа имаше 2,5 милиони прегледи.
По крајот на шоуто, Сузан почна да настапува ширум светот и заработи околу 25 милиони евра, но и понатаму живее во истата скромна куќа каде што живееше пред славата.
Таа и денес е скромна, а од скапи работи вели дека единствено си купила бунда и уплатила за часови за возење, но сè уште не положила за дозвола.
Последниве години таа се повлече од јавноста, па фановите беа воодушевени кога неодамна на Фејсбук се појави нејзина фотографија од Ирска, каде што е фотографирана со сопственикот на малиот пансион во кој престојувала.
Сузан, исто така, неодамна во интервју откри дека последен пат била на љубовен состанок пред 6 години, а нејзиниот тим мислел дека е киднапирана.
„Последните години добив многу брачни понуди, но, дали мислите дека излегувам со мажи? Помладите жени можеби, јас немам време за тоа. Сепак, убаво е што ме прашавте.
Последен пат бев на љубовен состанок во Америка пред 6 години и траеше точно 45 минути. Отидов на масажа во спа зоната на еден хотел и таму запознав лекар со кого излегов на ручек. Не кажав никому, а мојот тим мислеше дека ме киднапирале и кренале паника бидејќи имав настап вечерта.
Типот беше мил, но, тоа не е за мене“, рече Сузан во интервјуто.
Прочитајте и Уцени за пари, дијабетес и неверојатна трансформација – што се случи со скромната Сузан Бојл, ѕвездата од Britain’s Got Talent?
А. Ј. | Црнобело