Во тинејџерските години била стриптизета, дрогирала мажи и ги ограбувала: Скандалозното минато на Карди Би
Се степа со Ники Минаж на Модната недела во Њујорк
Најпопуларниот момент од Модната недела во Њујорк во 2018-та е тепачката помеѓу Карди Би и Ники Минаж.
Тепачката е овековечена и во видео кое веднаш стана вирално.
Подоцна, со Инстаграм објава Карди изјави дека ја нападнала Ники бидејќи таа зборувала лошо за ќерка ѝ.
„Ти дозволив да ме навредуваш, ти дозволував да ме лажеш. Но, кога го споменуваш моето дете, кога одлучуваш да ме критикуваш мене како мајка, кога зборуваш за мојата способност да се грижам за ќерка ми, сè е дозволено“.
Ники Минаж, пак, изјави дека тоа бил најсрамниот момент во нејзиниот живот, најмногу бидејќи биле опкружени со највисоката класа од Холивуд.
Се степа и во стриптиз клуб во Њујорк
За Карди, 2018-та беше одбележана и со уште една тепачка – вториот пат во стриптиз клуб во Њујорк.
На судењето Карди призна вина и беше казнета со 15-дневна општокорисна работа.
Според девојките кои биле нападнати, Карди почнала да фрла по нив со шишиња и столови, наводно бидејќи мислела дека тие имаат афера со нејзиниот сопруг – раперот Офсет.
Симулираше секс со сопругот во живо на Инстаграм
Бракот на Карди Би и Офсет е исполнет со скандали.
Во 2017 година се дозна дека тој ја изневерувал, откако хакери добија пристап до неговиот профил на iCloud.
Хакерите објавија видео од гола жена снимено од раперот. Истиот период во јавност се појавија голи фотки и од Карди.
Како одговор на хакерскиот напад, Карди и Офсет се преправаа дека имаат секс во живо на Инстаграм.
На видеото не се гледа ништо експлицитно, но јавноста ги обвини дека навистина имале секс, и тоа на социјална мрежа што ја користат и малолетници.
Карди се огласи на критиките:
„И двајцата носевме облека, немав секс во живо. Не може да сте толку луди!“
Во врска со голите фотки, Карди изјави:
„Луѓето споделуваат голи фотки од мене, како да не работев како стриптизета. Како и да е, знам дека имам убаво тело“.
Спирова С. | Црнобело