- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Бурниот брак на Чарли Шин и Брук Мулер – ѝ се заканувал со нож, им ги зедоа децата поради зависности
Инцидентот во хотелот ја „прели чашата“ за неговата сопруга, па таа поднесе барање за развод. И Чарли и Брук се согласија дека сакаат заедничко старателство над нивните две деца.
Пред да го финализираат разводот, Брук повторно замина на рехабилитација, па Чарли се премисли и побара целосно старателство.
Но, Брук не дозволуваше бидејќи била загрижена за децата – тој приод актерот имаше многу афери и самиот се фалеше за лудите забави.
Ова е и периодот која тој беше избркан од серијата Two and a Half Men.
По разводот, Чарли и Брук добија заедничко старателство. Поради проблематичното минато, и двајцата постојано правеа тестови за да докажат дека повеќе не користат дрога.
Но, ни ова не траеше долго.
Кон крајот на 2011-та, Брук беше уапсена за насилство и поседување кокаин. Следната година, таа двапати беше на рехабилитација.
На крај, децата на Чарли Шин и Брук Мулер завршија кај Дениз Ричардс бидејќи тие не биле способни да се грижат за нив.
По рехабилитацијата, Брук доби целосно старателство над децата.
За жал, Брук сè уште се бореше со своите демони, па во 2019-та децата беа згрижени кај нејзините родители, додека таа беше во установа за да се справи со зависноста и проблемите со менталното здравје.
Денес не е познато што прави Брук, освен дека не е во добар однос со Чарли.
Блиски извори до актерот, пак, велат дека тој не планира да бара старателство над нивите деца за да ги заштити од дополнителни трауми.
Сепак, актерот бил загрижен дека Брук не ја користи алиментацијата за децата, туку за да се дрогира.
Погледнете и: Ја застрелал поранешната вереница, го избркале од училиште – помалку познати факти за Чарли Шин
Спирова С. | Црнобело