Бурниот брак на Чарли Шин и Брук Мулер – ѝ се заканувал со нож, им ги зедоа децата поради зависности
- Детали
- петок, 02 јуни 2023
Бракот на Чарли Шин и Брук Мулер дефинитивно е еден од најбизарните – покрај насилството, парот неколкупати беше на рехабилитација, а извесен период за нивните деца се грижеше бившата на Чарли бидејќи тие не биле способни.
По бурниот развод со Дениз Ричардс и напнатата битка за старателството за нивните две деца, Чарли Шин повторно изгледаше среќен откако ја почна врската со Брук Мулер.
Но, она што на почетокот изгледаше како бајка, набрзо се претвори во уште еден стресен развод и уште една битка за старателство.
Што знаеме за една од најлудите врски од светот на славните?
Кога ја почнаа врската, никој не знаеше која е Брук Мулер, освен дека работи како агент за недвижнини.
Чарли и Брук се верија во 2007-ма, а се венчаа следната година. Во 2009-та, пак, ги добија близнаците Боб и Макс.
Овој период, Чарли и Брук изгледа пресреќно каде и да се појават. Па, јавноста беше убедена дека Чарли конечно си го средил животот.
Но, идилата не траеше долго – за време на Божиќ, само девет месеци откако им се родија синовите, Чарли беше уапсен во Аспен поради семејно насилство.
Актерот бил пријавен од Брук - според полицискиот извештај, Чарли ѝ држел нож на вратот и ѝ рекол: „Подобро да бидеш исплашена“.
Наводно, подоцна Брук побарала да ја измени својата изјава за полицијата, додека Чарли тврдел дека всушност таа била насилна.
Според Чарли, Брук била љубоморна бидејќи ѝ пеел песна на ќерката од бракот со Дениз. Поради ова, Брук му се заканила дека ќе се разведе од него и ќе му ги земе близнаците.
Полицијата им наредила да бидат одвоени за да не настане нов конфликт.
По инцидентот во Аспен, и Чарли и Брук се пријавија во центар за рехабилитација, со што ги потврдија сомнежите дека и двајцата (сè уште) имаат проблеми со зависност.
Дури следната година, 2010-та, Чарли призна вина за инцидентот во Аспен, па доби тримесечна условна казна, како и задолжително советување за семејно насилство.
Но, проблемите на парот допрва почнуваа.
Повторно во 2010-та, Чарли Шин почнал жестока расправија со полицајци во хотелот Plaza во Њујорк.
Актерот бил потполно гол, а во неговата соба била порно актерката Капри Андерсон. Уште побизарно е што тогаш во истиот хотел отседнувала Дениз Ричардс со нивните две ќерки.
По инцидентот, Чарли беше хоспитализиран бидејќи бил под дејство на лекови.