Хајди Клум страсно го бакнува сопругот, Џорџина Родригез зрачи гламур: Највпечатливите изданија на Кански 2023
- Детали
- петок, 26 мај 2023
Џорџина Родригез ги истакна облините во златен макси фустан, моделот со витилиго Вини Харлоу блесна во бел фустан, но вљубените парови и годинава оставија најсилен впечаток. Кански фестивал 2023 е вистински мевлем за очи...
Канскиот фестивал 2023-та изгледа како модно шоу без крај. Секој нареден ден има сè поголема модна драма на црвениот тепих.
За време на Канскиот филмски фестивал, традиционално секоја година се одржува хуманитарната гала на amfAR, па така беше и годинава.
Овојпат погледите ги привлече Хајди Клум со драматичен зелен мини фустан, но и со размената на нежности на црвениот тепих со својот сакан Том Каулиц.
Вљубени на црвениот тепих беа и Ед Вествик и девојката, како и Ребел Вилсон со свршеницата.
Во гламурозен златен фустан блесна Џорџина Родригез (29), а силен впечаток остави и Ева Лонгоргија (48) во црн фустан со транспарнетни делови.