Ким Кардашијан емотивна по разводот со Канје: „Тешко е да си самохрана мајка, заспивам со плачење“

„Има периоди кога не си ја миете косата со денови, извалкани сте со храна и постојано ги носите истите пижами. Ништо не може да ве подготви за ова искуство“, вели Ким Кардашијан за предизвиците со кои се соочува како самохрана мајка.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-01.jpg

По разделбата со Канје, Ким Кардашијан најмногу се грижи за нивните четири деца.

Сега, во ново интервју, таа откри дека воопшто не е лесно да се биде самохрана мајка, но истакнува дека нема поубаво нешто од мајчинството.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-02.jpg

За People, Ким открива дека очекувала нешто сосема поразлично од мајчинството пред да стане мајка.

„Сите велат дека кога сте родител, деновите се многу долги, а годините многу кратки, и ова е многу точно. Кога сте родител, особено додека децата се бебиња и ги храните, настанува вистинско лудило. Но, тоа е прекрасен хаос.

На пример, немате поим како изгледаат моите утра. Секогаш треба да ѝ направам фризура на едната ќерка, и мора да биде совршена. Потоа, на другото дете треба да му ги облечам чевлите и постојано им требам на сите.

Тоа е потполно лудило – готвење, трчање наоколу. Затоа и вежбам наутро, само за да се подготвам за два часа лудило“.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-10.jpg

Ким вели и дека научила многу од мајчинството.

„Можам да кажам дека благодарение на мајчинството научив многу за мене. Ова ми е најголемиот предизвик во животот. Има ноќи кога заспивам со плачење, се прашувам што се случило. Знаеш, со променливото расположение на децата, нивните карактери, а некогаш и многу се расправаат.

И, немам помош од никој. Јас треба да бидам и добра и лоша. Па, сето ова дефинитивно е предизвик. Сега учам да бидам малку построга“.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-04.jpg

Ријалити ѕвездата вели дека ни огромното богатство не ги намалува предизвиците на мајчинството.

„Нема ништо што може да ве подготви за ова искуство. Чекате да имате одредена сума пари, чекаат да имате свој дом пред да добиете деца… Но, ништо нема да ве подготви.

Сепак, со текот на времето ќе сфатите што треба да правите. И, на крај ќе бидете горди на себе бидејќи сте го преживеале денот“.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-07.jpg

„Има периоди кога нема да си ја измиете косата со денови, извалкани сте со храна и постојано ги носите истите пижами… Ништо не може да ве подготви за ова искуство“.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-09.jpg

На крај, Ким додава дека и покрај тешкотиите, ништо не прави да се чувствува поисполнето од мајчинството.

Ким и Канје се венчаа во 2014-та и заедно имаат четири деца – ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.

Во февруари 2021-ва Ким поднесе барање за развод, кој беше финализиран минатиот ноември.

kim-kardashijan-se-otvori-za-majchinstvoto-po-razvodot-so-kanje-teshko-e-da-si-samohrana-majka-zaspivam-so-plachenje-08.jpg

Претходно Ким откри дека и покрај сите проблеми со Канје, не дозволува тој да биде „оцрнет“ пред нејзините деца:

„Кај мене дома, децата не знаат што се случува. Ќе ги штитам колку што можам подолго“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Сопругата на Канје се облече, Пирс Броснан со извалкано сако: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични... Сестрата на Кралот Чарлс, принцезата Ана беше фотографирана како патува во патни...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg